Стефановски трет на трката во Италија

Тренто, 5 јули 2015 (МИА) - Македонскиот автомобилст Игор Стефановски - Иџе го освои третото место во групата Н на седмата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки што се возеше на 18 километри долгата патека Тренто - Бондоне во Италија. На тешката патека за возење Стефановски имаше време 11:23.32 минути, а побрзи од него беа само домашните возачи Армин Хафнер со време 11:17.98 минути и О‘Плеј 11:18.37 минути.

Нашиот автомобилист имаше најдобро време на речиси половина од патеката, но непознавањето на предолгата патека го чинеше подобар пласман и на крајот го зазема третото место на подиумот. Проблем за Стефановски беа и неколку свиоци на крајот, како и тоа што го стигна и возачот што стартуваше пред него и со тоа загуби две до три секунди.

- Ова е култна патека во Италија и е трка за престиж. На неа учествуваат буквално сите кои нешто значат во италијанските ридски трки. Стартната листа со 230 учесници беше импресивна, а згора на тоа како загревање за главната трка имаше стотици возила Ферари, Ламборџини, Порше, вистински рај за гледање. Толку многу шлепери и тимови на едно место досега не сум видел. Задоволен сум од пласманот, навистина ова беше максимум. Дури и домашните возачи ми честитаа на постигнатото време што на ваква долга патека бев само пет секунди зад Хафнер и Плеј, иако патеката ја возев само два пати. Во текот на саботниот тренинг, имав проблем со диференцијалот, па го пропуштив второто возење. Потоа работевме цела ноќ за да го оспособиме возилото за неделната трка. Возењето беше вистински хорор. Не беа проблем само 18-те километри, туку и 180-те свиоци, 40-тината “лактови, а температурата беше околу 40 степени. Буквално се прегреа и гуми и сопирачки и водата и маслото. Кога стигнав на целта се под хаубата беше вжештено. Се чудам како возилото воопшто и издржа до крај. Ова беше голем предизвик и вистински тест и за мене како возач, но и за возилото, изјави Иџе.

Конкурентот на Стефановски во генералниот пласман Јаромир Мали од Чешка заврши како петопласиран во групата, со што Иџе ја зголеми предноста за уште пет бода или вкупно 19.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...