Трета победа за македонските одбојкари во Европската лига

Одбојкарите на Македонија ја забележаа третата победа во годинашното издание од Европската лига и прва во дуелите со Данска, репрезентација која вчера славеше во Скопје.

До денешната победа од 3-1 македонските одбојкари стигнаа со убедливи 25:16 во првиот и 25:18 во третиот сет, Данците беа подобри во вториот со 25:22, а во четвртиот Македонците на разлика беа поуспешни со 26:24.



Во последниот сет при резултат 24:23 за момент снема струја во СЦ „Борис Трајковски“ по што следуваше десетминутен прекин кој за среќа не се одрази лошо на домашните одбојкари.

На првиот денешен натпревар Естонија ја победи Австрија со 3-2.

Токму Австрија следниот викенд е противник на Македонија на нови два натпревари и повторно на домашен терен.

Табела А-група по шест одиграни рунди:

1.Естонија 17 бодови,

2.Полска 10,

3.Македонија 10,

4.Австрија 9,

5.Данска 5,

6.Израел 3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...