Гонзалез ги собира момците во „црвено-црно“

Македонскиот шампион Вардар ги запали моторите за новата сезона

Македа, Деревен, Манасков, Марсениќ и Циндриќ вчера им се приклучија на Вардаровите ракометари кои со големи амбиции влегуваат во новата сезона

Македонскиот првак Вардар вчера претпладнето, во 10 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го одработи првиот тренинг со кој и официјално го одбележа почетокот на подготвителниот период за новата сезона.



Стратегот Раул Гонзалез располага со еден променет тим, со оглед на тоа дека во текот на летниот период дури шест играчи ги напуштија „црвено-црните“ редови, македонскиот репрезентативец Немања Прибак, Русите Алексеј Растворцев и Михаил Чипурин, како и Владимир Петриќ, Стефан Терзиќ и Добривоје Марковиќ.

На нивно место Вардар донесе нови екстра засилувања, шпанскиот репрезентативец, десниот бек Хорхе Македа, чии трансфер влезе меѓу топ 10 на листата на ЕХФ, македонското репрезентативно лево крило, Дејан Манасков, левиот бек на рускиот национален тим, Александар Деревен, кој македонската ракометна публика ја имаше можноста да го запознае минатата сезона, како играч на Чеховски Медведи. Листата ја затвораат пикерот Мијајло Марсениќ, кој лани во првиот дел од сезоната го гледавме во дресот на Металург. По пауза од скоро десет месеци одново во „црвено-црните“ редови ќе го гледаме и левиот бек Блаженко Лацковиќ, кој имаше долга рехабилитација по операцијата на тетивата на десната нога, повреда која ја заработи на почетокот на минатата сезона.

Тука ќе бидат и за нас добро познатите капитенот Филип Лазаров, Стојанче Стоилов, Петар Ангелов, како и Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен кои исто така ја продолжија соработката со клубот.



Циндриќ на тренинг

Последното засилување на Вардар, средниот бек Лука Циндриќ, денеска, на првиот тренинг на екипата треба да ја има и официјалната промоција. Јавна тајна беше дека бекот е нов Вардаров играч, па така се чека само клубот денеска тоа да го потврди со самото негово присуство на тренингот.

Крањска Гора, па Кањижа куп

Одморот од месец дена за вардарци заврши, а на агендата е напорен распоред, кој завршува на крајот на август, односно непосредно пред почетокот на новата сезона во регионалната СЕХА лига. Вардар во Скопје останува само една недела. Од 3 до 13 август екипата ќе биде на подготовки во Крањска гора, а од таму директно ќе замине на Кањижа куп, првата официјална проверка на силите во подготвителниот период. Годинешното издание на Кањижа купот е од 14 до 16 август, а ќе учествуваат Пик Сегед, Партизан, Горење, Нексе и репрезентацијата на Катар.

По враќањето во Македонија, првакот ќе се подготвува за премиерното издание на турнирот „Вардар“, кој од 24 до 27 август ќе се одржи во нивната база, СЦ „Јане Сандански“. Вардарци ќе ги пречекаат Чеховски Медведи и Нексе, во групата А, додека групата Б, ќе ја сочинуваат вториот македонски претставник Металург заедно со Краснодар и Кристијанштад.

Вардар трета сезона во низа ќе го гледаме во најсилното европско клупско натпреварување Лигата на шампионите, како дел од елитните А и Б група. Покрај елитниот фронт во кој одново ќе се брка пласман на Ф4 во Келн, вардарци ќе се натпреваруваат со СЕХА ГСС лигата, а тука е и одбраната на двојната круна во домашното првенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...