Ростерот на Работнички е 80% готов

Потписот на договорот на Мите Стоилов, последното најавено засилување на скопскиот суперлигаш е единственото нешто што во моментов го чека раководството на клубот за да биде затворена и таа дилема кога е во прашање играчкиот кадар. Сепак, со тоа нема да биде комплетен изгледот на тимот.

- Ростерот е 80% готов. Со Мите Стоилов имаме устен договор, кој само треба да добие писмена потврда, која верувам дека ќе се случи деновиве.

Ренато Вугринец ќе биде дел од Работнички на почетокот од подготовките, но дали ќе падне и договор за соработка, тоа ќе знаеме откако ќе дојде во Скопје. Со исклучок на тоа прашање верувам дека сите дилеми околу играчкиот кадар ќе бидат решени до почетокот на подготовките, потврдува претседателот на клубот, Ристо Чокрев.

Собир на 5-ти август

Новата приказна во која влегува стариот и добро познат скопски суперлигаш ќе почне на 5 август, за кога е закажан почетокот на подготовките за претстојната сезона. Екипата, која со сите активности летово треба да претставува вистинско освежување и да ја засили конкуренцијата на домашна сцена, до стартот треба да го има комплетниот изглед на тимот, барем за првиот дел од сезоната.

-Подготовките на Работнички ќе почнат на 5 август на игралиштето на ФК Работнички каде ќе бидеме два-три дена. Потоа се заминува на десетдневни базични подготовки во Маврово. Една седмица ќе бидеме во Скопје, а потоа во периодот од 25 до 30 август во преговори сме за учество на меѓународен турнир надвор од Македонија. Во зависност од тоа кога ќе стартува домашното првенство, ќе го планираме понатамошниот изглед на подготовките, како и евентуалните пријателски натпревари кои би ги одиграле, вели Чокрев.

Освен финалниот изглед на играчкиот кадар се чека клубот и официјално да го претстави стручниот штаб, кој ќе ја предводи екипата во новата сезона, што најверојатно ќе се случи непосредно пред првата прозивка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...