Дибиров: Добро е кога во тимот има силна конкуренција

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров во новата сезона за место во тимот ќе се бори со македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој во летниот преоден рок одлучи да потпише за македонскиот првак.

- Сега сум среќен сум бидејќи екипата има на секоја позиција и по два одлични ракометари. Силната конкуренција е добра за тимот. Секој голем клуб работи вака. Ако сакаме доби резултати, ни треба и да имаме ротација на секоја позиција, вели Дибиров.



Рускиот интернационалец верува дека Вардар ќе биде посилен во новата сезона. Му се оствари желбата да дојде Барселона во Скопје во групната фаза од ЛШ, но не сака премногу да зборува за желбите, да прогнозира до каде ќе стигне Вардар.

- Вардар е доволно силен да ја победи Барселона. Претходните две сезони беа тешки за нас бидејќи не ја остваривме посакуваната цел. Можеби првата сезона и не беше толку, но, лани , сакавме и живееме само за тоа да стигнеме до Ф4. Беше разочарување за нас. Не сакам до крај на сезонава да зборувам за тоа, зашто тоа е голем притисок за нас, од навивачи, од управа. Ние сме играчи и тешко ни е кога нема нешто да оствариме, истакнува левото крило на „црвено-црните“.

Дибиров лани беше најдобриот стрелец на Вардар во Лигата на шампионите со 78 гола и беше во Топ-5.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...