Кастратовиќ и Вардар уште две години заедно

Индира Кастратовиќ и во следните две сезони ќе го предводи тимот на ЖРК Вардар, откако управата и тренерот ја договорија новата соработка.

„Очекувам во следниот период како дел од ЖРК Вардар да постигнеме нови резултати со кои клубот ќе биде горд, и јас како тренер. Особено сум благодарна на клубот што ми даде нова доверба да го предводам овој одличен тим на Вардар.

Работата и само работа ќе биде мотото во иднина, со верба дека она што го работиме напорно на тренинзите ќе биде валоризирано и со резултат на кој сите ќе се радуваме. Вардар останува моето најблиско семејство, кое секогаш ми давало поддршка, и таквата синергија се покажа како клучна во многу моменти, кога многумина сметаа дека тешко ќе го постигнеме зацртаното. Високите европски цели секогаш ќе останат главната цел на Вардар, за што сите во клубот ќе се обидеме да го постигнеме и да им дадеме нови можности на навивачите да се радуваат, и уште повеќе во однос на минатите сезони“, изјави Индира Кастратовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...