Марковчиќ нов играч на Металург

Централниот бек Лука Мраковчиќ ќе биде новиот организатор на играта на Металург. 20-годишниот хрватски ракометар во Автокоманда доаѓа од Замет, матичниот клуб му е Печине, а играл и во Козала.

- Пресреќен сум што доаѓам во еден од најдобрите балкански клубови, а особено задоволство ми прави тоа што за тренер и учител ќе го имам најдобриот европски стратег Лино Червар. Доаѓањето во Металург го сметам како голем чекор напред во мојата кариера, бидејќи со тоа ми се остварува сонот да играм во Лигата на шампоните. Се надевам дека ќе го оправдам мојот агажман во тимот и дека ќе бидам дел од новото издигнување на клубот, изјави Мраковчиќ.

Новиот играч на металурзите потпиша тригодишен договор.

Покрај клупските ангажмани, во својата кариера Мраковчиќ бил дел од сите млади репрезентативни селекции на Хрватска, а со јуниорската селекција на Хрватска е освојувач на сребрен медал од Светското првенство 2013 во Унгарија.

Во изминатиот период Металург се засили со десниот бек на Мешков Брест, Австриецот Јанко Божовиќ, голманот на Беса, Даниел Дупјачанец, левиот бек на Мекленбург, Хрватот Марко Матиќ, пикерот на Радовиш, Константин Петров и со српскиот голман од редовите на Спартак, Милош Вуковиќ, а го продолжи и договорот со пикерот Жарко Пешевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...