„Скопје Опен“ станува „сателит“

Турнирот во одбојка на песок „Скопје Опен“, кој е во организација на Одбојкарската федерација на Македонија, а под покровителство на град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски, на петтото, јубилејно издание добива една поинаква димензија, односно предзнакот „сателит“ со кој влегува во рангот на турнирот под капата на Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ).

Организацијата на турнирот, кој треба да се одржи од 19 до 23 август годинава, на двете игралишта на градската плажа „Парк“ во Скопје е во полн ек, а вчера во контрола беше ЦЕВ техничкиот супервизор Фелипе Паскула, кој даде позитивни оценки за инспекцијата, која ги задоволува стандардите поставени од европската „куќа на одбојката“ и сугестии за што подобра организација.

Паскула и генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ имаа работен состанок и со градоначалникот Коце Трајановски, на кои се прецизираа деталите за конечниот изглед на турнирот, кој годинава ќе се следи во европски рамки.

Со оглед на тоа дека „Скопје опен“ влегува во календарот на ЦЕВ добива и поголема масовност, па така годинава ќе имаме двојки од Австрија, Белгија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Англија, Франција, Германија, Грција, Италија, Летонија, Норвешка, Полска, Русија, Сан Марино, Србија, Швајцарија, Турција и Украина. Македонија, како организатор ќе има еден пар претставници во машка конкуренција, репрезентативците Дарко Ангеловски и Ристо Клопчевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...