Пекинг ќе биде домаќин на Зимските Олимписки игри 2022 година одлучи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Оваа одлука ја донесоа делегатите на 128.Собрание на ИОК одржано денеска во Куала Лумпур.
Покрај Пекинг во конкуренција беше уште и Алмати (Казахстан).
Главниот град на Кина е прв град – домаќин на Летни и на Зимски Игри. ЛОИ во Пекинг се одржаа во 2008 година. И покрај недостиг на природен снег и зимски услови Пеконг важеше за фаворит за добивање на Игрите.
Следните Зимски Олимписки игри во 2018 година ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја.