Македонија 15-та на Европското првенство за младинки во ракомет

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (до 19 години) го освои 15-то место на Европското првенство што се игра во Валенсија, Шпанија.

Во дуелот за избегнување на последната позиција Македонија ја победи Литванија со 29:27 (13:17). Ова беше втора победа на нашите ракометарки на шампионатот и повторно беше совладана Литванија како и во дуелот од првото коло од групата.

Избраничките на селекторот Симе Симевски на полувремето имаа негатива од четири голови (13:17), но во вториот дел беа подобар ривал и го добија вториот дел со 16:10 за конечни 29:27. Во македонската репрезентација по шест голови постигнаа Теодора Керамитчиева, Наташа Нолевска и Ангела Тодоровска, додека признанието за најдобра во нашиот состав и припадна на голманката Нина Ладева.

Утре во финалето ќе играат Русија и Данска, а во дуелот за бронзениот медал Унгарија и Шведска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...