Македонските одбојкари со 3:0 изборија финале во Европската лига

Македонија ја покорува Европа: Одбојкарите пишуваат историја!

Македонските одбојкари успеаја да се пласираат во финалето на Европската лига откако синоќа во полуфиналето во полскиот град Валбжих ја победија Естонија со 3:0 во сетови (25:23; 25:22 и 25:22) за 82 минути.

Со овој триумф нашите одбојкари им се реваншираа на Естонците за двата пораза во групата на почетокот на натпреварувањето. Воедно ова за Естонија беше прв пораз оваа сезона во Европската лига.

Во текот на првиот сет нашите одбојкари имаа постојано водство и сетот го добија со 25:23. Во вториот сет до средината Естонија имаше прдност, а потоа избраниците на селекторот Жарко Ристоски направија пресврт и сетот го добија со 25:22. И третиот сет нашите одбојкари го добија со 25:22 откако направија серија и имаа водство од 24:19.

По триумфот Јовица Симовски изјави:

- Одигравме перфектен натпревар на секое поле. Ако вака добро играме и утре во финалето имаме шанса за победа.

Во финалето денеска од 20 часот Македонија ќе игра против Словенија, која во првото полуфинале ја победија Полска со 3:0 во сетови.

Пред финалето ќе се игра и дуелот за третото место меѓу Полска и Естонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...