Лауда: „Мото ГП има вистинско тркање, за разлика од Ф1“

Ники Лауда е трикратен Формула 1 шампион и еден од великаните на спортот. Покрај тоа, Австриецот е и не-извршен директор на Ф1 тимот на Мерцедес, кој доминира изминатите две сезони во спортот, така што неговото педигре е несомнено.

Кога таков „калибар“ на тркач ќе изјави дека во моментов тркањето во Мото ГП шампионатот е далеку поспектакуларно со тоа во најскапата и најелитна тркачка серија, Формула 1, тогаш ситуацијата е навистина сериозна. Лауда го посети Чешкото ГП во Брно овој викенд и беше импресиониран од атмосферата.

„Навистина неверојатно, 350 км/ч и повеќе и таква контрола на мотоциклот. Ова е најневеројатното тркање кое можете да го видите денес. За жал, во Формула 1 е сосема спротивно. Болидите се толку лесни за возење што веќе не гледате ниту пролизгување, ниту нешто слично. Со мотоциклите на пример е многу тешко да се справиш и тоа ни покажува дека мораме да направиме тркањето во Ф1 повторно да биде тешко и да носи предизвик“, изјави Лауда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...