Македонската одбојкарска репрезентација денеска беше во просториите на Агенцијата за млади и спорт, но очигледно дека овој прием не ги задоволи очекувањата на нашите момци.
Еден од најискусните во репрезентацијата, Ѓоко Јосифов на својот профил на Facebook објави порака полна со гнев, откривајќи дека како благодарност за сребрените медали, од Агенцијата за млади и спорт добиле само Вива сокчиња.
„На денешниот прием во Агенцијата за млади и спорт, за најголемиот тимски успех во македонија и сребрените медали добивме награда вива сокови! Срамота невидена!“, го изрази Јосифов своето незадоволство преку својот профил на Facebook.