Наумче Мојсоски тренира со Работнички

Репрезентативниот бек Наумче Мојсоски се уште не нашол клуб по своја мерка за да потпише нов договор, па засега е со екипата на Работнички

На прсти можат да се избројат ракометарите, посебно тие со репрезентативно педигре, кои засега немаат обезбедено клуб за наредната сезона. Интересно, еден од нив е и Наумче Мојсоски, ракометар кој важи за еден од најдобрите македонски играчи.

Неколкупати беше поврзуван со Работнички, но беше доста дециден во изјавите, односно демантите. Само еден насто ѝ даваше шанса на можноста да биде дел од новиот проект, но можеби оваа можност ќе добие нови бројки, значително поголеми. Имено, деновиве Наумче Мојсоски се подготвува заедно со „црвените“ на Маврово. Не е тоа чудо невидено и не мора да значи ништо, но старите не велат попусто дека каде има дим има и оган.



Но, дали Работнички ќе успее со рецептот по кој Ренато Вугринец ќе биде дел од нивниот тим да го одоброволи, односно да го задржи и Наумче Мојсоски ќе остане отворено прашање. За добрите односи кои ракометарот ги има со новата клупска управа не би ни коментирале, но за да се оствари такво сценарио не е доволно само пријателството. Потребно е првенствено Наумче Мојсоски да најде ангажман на пример на Блискиот Исток. По тоа, сè би било полесно за комбинирање.

Шансите, пак, за заигра во Бундес-лигата не би ги избришале, како ни тие да замине во некоја друга европска лига.

Работнички би требало денеска да го одигра својот прв натпревар по големите промени. Доколку се договори дуел со рускиот Краснодар. За в четврток, пак, е планирана средба со Вардар јуниор. Ќе биде интересно да се види дали и Наумче Мојсоски ќе излезе на терен да се провери.

„Лично, задоволен сум од досега сработеното. Подготовките течат без никаков проблем. Имаме доста нови имиња и наша првенствена задача е да склопиме избалансиран тим. Во следните неколку дена ќе одиграме една, две пријателски средби, со Краснодар и Вардар и тие ќе бидат мерило за тоа што го работевме“, изјави тренерот на Работнички, Андон Бошковски.

Од Работнички е актуелно и отсуството на Мите Стоилов на подготовките. Тој беше на терапија, за листот на ногата во Скопје. Синоќа требше да им се приклучи на соиграчите во тренинг кампот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...