Прв сериозен испит за Вардарки

По десетдневниот престој во Франција македонскиот првак ЖРК Вардар од вчера се пресели во престолнината на Романија, Букурешт, каде од денеска до недела ќе биде дел од „Букурешт Трофеј 2015“. Второто издание на турнирот како учесници покрај нашиот шампион, ќе ги има и најдобрите три романски екипи, организаторот ЦСМ Букурешт, Баја Маре и Корона Брашов, како и актуелниот европски првак Будуќност и рускиот шампион Ростов Дон.

Вардарки ќе бидат дел од групата Б, каде за противници ќе ги имаат домаќинот и Корона Брашов, додека во групата А ќе се соочат Будуќност, Баја Маре и Ростов Дон.

По вчерашното пристигнување и аклиматизација на Букурешт, „црвено-црните“ дами денеска, во 1. коло ќе ги измерат силите со Корона Брашов од 18 часот. Покрај овој натпревар на програмата е и дуелот меѓу Будуќност и Ростов Дон од групата А, кој и ќе го отвори ова издание на „Букурешт Трофеј“.



За ЖРК Вардар ова ќе претставува прва посериозна проверка на силата во досегашниот период од подготвителниот циклус за новата сезона, со оглед на тоа дека актуелниот освојувач Будуќност, кој може да им биде противник на вардарки во втората, главна фаза од годинешното издание на Лигата на шампионите, како и Ростов Дон со кој би можеле да се сретнат во елиминациите, се дел од турнирот.

Македонскиот шампион досега одигра четири пријателски дуели, три со Флери и еден со Миос Бегано, каде имаше делумен ефект, две победи и два порази.

Според распоредот петок е слободен ден за „црвено-црните“ дами, додека в сабота игра со домаќинот ЦСМ Букурешт.

Во зависност од пласманот во групната фаза, екипите в недела ќе се соочат во финалето или дуелите за пласман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...