Вардар на „мускули“ до триумф

Првата победа на „Букурешт трофеј 2015“ македонскиот шампион ЖРК Вардар ја забележа вчера попладнето, 27:26 (10:14) против Корон Брашов, во првото коло од групната фаза. Вардарки имаа далеку потешка задача од очекуваното со оглед на тоа дека романскиот ривал ја имаше иницијативата и контролата врз резултатот во текот на целиот меч, додека „црвено-црните“ беа најстабилни кога беше најпотребно, во завршните моменти од мечот и тоа им донесе минимална, но значајна победа.



Со интервенција на Ина Суслина, Вардар го отвори дуелот со Брашов, за веднаш потоа Андреа Лекиќ да се избори за пенал, а Маја Сокач да реализира за почетно водство. Лекиќ и Сокач поентираа за Вардар, додека Замфир и Чучулете беа ракометарките од романскиот тим кои возвратија за егал, 3:3. Откако Човану, го спречи третиот удар од седум метри на Сокач, Дамјановиќ не донесе во водство од 4:3 по само десет минути игра, но тогаш тргна иницијативата на Корона Брашов. Дури и со ракометарка помалку, по исклучувањето на Бондир, противникот ни направи серија од 0-5, за пресврт и водство од 5:8. Осум минути беа без погодок „црвено-црните“ дами, сè додека Лекиќ не стави крај на кризата. Индира Кастратовиќ направи промени во поставата, на местото на Суслина во игра се најде Амандин Лејно, додека Андреа Пенезиќ застана на местото на Дамјановиќ на бековската линија. Ја раширија вардарки малку играта, па преку Дембеле и Черноиваненко се стабилизиравме, а со интервенциите на Лејно на голот и се вративме на -1 (7:8). На пет минути до крајот на првото полувреме во убава акција на Вардар, Човиќ постигна гол за изедначување 10:10 и се избори за играч повеќе. Но, тоа наместо да го искористиме дозволивме нова серија од 0-4 на противникот и тоа благодарение на голманите Мирка и Човану, за со негатива од 10:14 да одиме на полувремето.

Во продолжението Вардар беше константно во позиција да брка резултат. Замфир по само пет минути игра во второто полувреме ја направи највисоката предност за Романките, 11:18. Организаторот на играта на нашиот првак, Лекиќ ја презема одговорноста на себе и со поддршка на Дембеле и Черноиваненко намали на 17:21. Постабилната игра во одбраната, како и низата интервенции на Лејно нè вратија во ритам, па делувавме поконцентрирано и поангажирано во последните десет минути од мечот. Вардар се избори за серија 4-1, која нè донесе до ново изедначување, 25:25 и неизвесна завршница. Прискан реализираше за ново водство на Брашов, 25:26, но следуваа голови на Пенезиќ, а потоа и на Лекиќ од седум метри за конечни 27:26.



Лекиќ со 7 гола беше најефикасна во Вардаровите редови, додека Лејно запиша 12 интервенции, од кои и еден пенал. Кај Брашов Замфир со 9 погодоци беше прв стрелец на мечот, додека голманката Мирка имаше 10 одбрани.

Денеска вардарки имаат слободен ден, додека утре од 18 часот ќе се сретнат со домаќинот Букурешт..



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...