Вардар со реакција по одлуката на Управниот одбор на РФМ

Шампионите на Македонија во ракомет, РК Вардар и ЖРК Вардар, со соопштение реагираа на одлуката на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија да ги зголеми трошоците за добивање на лиценци за странски играчи и тренери.



Штетните одлуки на РФМ, посочуваат во соопштението, не тераат добро да размислиме дали да продолжиме со инвестирањето во ракометот

- Последните одлуки на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија околу зголемувањето на цената на лиценците за странските играчи и членови на стручен штаб кај екипите беа големо изненадување за нас како менаџмент на клубот, особено што истите се донесуваат на помалку од еден месец пред почетокот на новата натпреварувачка сезона,потенцираат во соопштението.

Во период кога клубовите веќе ги имаат подготвено своите буџети и ангажирано играчи за кои сметаат дека им се потребни за постигнување на врвни резултати, додаваат, се изгласува одлука која никако не влијае на подигање на квалитетот на ракометот, туку изгледа како изнудена мерка за пополнување на буџетот на Федерацијата.

- Сметаме дека ваквата одлука е пред се, избрзана и без претходна анализа дали на тој начин ќе се подигне квалитетот на ракометот во Македонија или пак целта е македонскиот клупски ракомет да се претопи во просечноста и никогаш да не може да се издигне на високо европско и светско ниво, веелат РК Вардар и ЖРК Вардар.

Веруваме и очекуваме, нагласуваат, Ракометната Федерација на Македонија дека ќе ја преиспита својата одлука и истата ќе биде повлечена бидејќи не е во спортскиот дух да им се овозможи на клубовите поголем просперитет и постигнување на високи дострели и за ваквите одлуки ќе има подобро образложение и истите ќе бидат донесени многу однапред пред почеток на сезоната.

- Вардар има европска агенда и светски стандарди во применувањето на спортскиот менаџмент. Ние како управа постоиме три години на спортскиот пазар и резултатите што се остварија за три години беа неочекувано добри и прогресивни во однос на политиките што ги применуваше Вардар, потенцираат оде двата ракометни шампиони на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...