ЛШ за Вардар почнува на 17 октомври

Македонскиот шампион ЖРК Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја отвори пред домашната публика на 17 октомври (сабота). Вардарки во СЦ „Јане Сандански“ во првото коло од групната фаза во групата Ц, ќе го пречекаат квалификантот, најверојатно унгарскиот вицепрвак Ѓер, кој е прв фаворит за ова место.

Со оглед на тоа дека во моментов не се потврдени сите термини од групната фаза од ЕХФ, сè уште е непознат терминот за гостувањето кај Хипо, во второто коло, кое се игра во периодот од 23 до 25 октомври.



Во третото коло на 1 ноември (недела), вардарки играат одново на домашен терен, против добро познатиот противник, дански Митјиланд, меч закажан за 15.15 часот.

Во моментов непознат е терминот за четвртото коло (13 – 15 ноември), кога „црвено-црните“ дами треба да му гостуваат на квалификантот во Лигата на шампионите, како и за последниот викенд од групната фаза, 20 - 22 ноември, кога нашиот шампион треба да игра пред својата публика со Хипо. За дефинирање на овој термин, најверојатно се чека договор меѓу машкиот и женскиот тим на Вардар, со оглед на тоа дека момците истиот викенд во Скопје треба да го пречекаат актуелниот европски првак Барселона.

Новата сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција ќе стартува на 16 октомври со натпреварите меѓу Крим Меркатор и вториот квалификант во рамките од групата А, односно дуелот меѓу ЧСМ Букурешт и Љублин во групата Д.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...