Доделени пет комплети медали на четвртиот ден на Светското првенство во атлетика

На Светското првенство во атлетика, што се одржува во Пекинг денеска беа доделени пет комплети медали (три кај мажите и два кај жените).



Во фрлање диск кај жените триумфираше Денија Кабалеро од Куба. Таа во првата серија дискот го фрли со должина од 69.28 метри што беше доволно за златен медал. Зад неа на победничкиот подиум се пласираа: Сандра Перковиќ од Хрватска (сребро) и Надине Милер од Германија (бронза).

Репрезентативката на Етиопија Гензебе Дибаба победи во трката на 1.500 метри со време 4:08.09 минути, пред Фатих Кипигон од Кенија и Сифан Хасан од Холандија.

Во трката на 800 метри кај мажите златен медал освои Даниел Рудиша од Кенија со време 1:45.84 минута. Второто место му припадна на Адам Кшзот од Полска, а трет целта ја мина Амел Тука од Босна и Херцеговина.



На 400 метри со пречки првото место го освои Николас Бет од Кенија со време 47.79 секунди. Среброто е за Денис Кудриавцев од Русија, а бронзата му припадна на Џефри Гибсон од Бахамите.

Во скок во далечина победи Британецот Грег Рутерфорд, кој имаше скок со должина 8.41 метри, пред Фабрис Лапиер од Австралија и Џианан Ванг од Кина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...