Горазд Србљак доживеа експресна елиминација на тенискиот фјучр-турнир во Анталија, Турција.
Единствениот македонски рекет што е активен оваа седмица, немаше сили за изненадување, против осмиот носител Жаум Пла Малфеито, на двапати со 1:6. Со тоа, Србљак, кој успешно ги мина квалификациите, ги заврши активностите во Анталија, за оваа седмица. Сепак, неговото учество е потврдено и за наредниот турнир во овој град, каде што повторно ќе стартува од квалификациското натпреварување. Наградниот на ова натпреварување, изнесува 10.000 американски долари.