Вардарки без проблеми по втор пат против Русинките

Во пресрет на премиерното издание на „Вардар-турнир“ во женска конкуренција, кој стартува в сабота, македонскиот првак ЖРК Вардар и руски Ростов Дон вчера попладнето одиграа контролен дуел. Средбата заврши со победа на вардарки од 34:27, што е втора за тимот на Индира Кастратовиќ и на Јан Питлин над Русинките во изминатава седмица, со оглед на тоа дека двата тима претходно се сретнаа на „Букурешт-трофеј“, во битката за третото место.



Фактот дека е пријателска средба остави простор тренерите да се договорат натпреварот да се одигра трипати по 20. минути.

„Црвено-црните“ дами имаа одлично отворање на средбата со серија од четири гола, 4:0, а во истиот ритам продолжија, па така Черноиваненко, донесе дотогаш највисоки 11:5, а со 13:9 Вардар го затвори првиот дел.

Ваквата резултатска позиција им дозволи на Вардаровите тренери да комбинираат со составот и да им дадат шанса на сите ракометарки кои ги имаат на располагање. Ростов најмногу се доближи на два негатива (19:17), но благодарение на добрата одбрана и брзиот контранапад, Вардар направи нова серија и се „одлепи“ на 22:17.

Највисоката предност македонскиот првак ја имаше на почетокот на третиот дел од мечот, 29:20, што беше само најава за победата.

Сите Вардарки добија шанса за игра, со исклучок на Јованка Радичевиќ, која не се најде во составот и која и понатаму работи по посебна програма поради проблемите со ногата.

Дамјановиќ и Пенезиќ со по 6 погодоци беа најефикасни кај Вардар, Черноиваненко постигна 5, а Лекиќ 4 гола. Кај Ростов Манагалова и кај Пунко имаа по 5 погодоци.

Ростов Дон е еден од учесниците на „Варда-турнирот“, кој од 29 август до 1 септември ќе се одржува во СЦ „Јане Сандански“, но тие не се во иста група со македонскиот шампион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...