Штафетите на Јамајка најбрзи на 4x100 метри

Претпоследниот ден на Светското атлетско првенство во Пекинг беше затворен со штафетните трки на 4 по 100 метри во машка и во женска конкуренција на кои доминираа спринтерите од Јамајка.

На машката штафета Јамајчаните предводени од Јусеин Болт победија со време 37.37 секунди. Покрај Болт во составот на Јамајка беа Неста Картер, Асафа Пауел и Никел Ашмеде.

Сензација направи домаќинот Кина чија штафета заврши на втората позиција, откако САД беа дисквалификувани поради лоша замена, а трета беше Канада.



И кај жените штафетата на Јамајка беше најбрза, пред „четворката“ од САД, третото место го освои Тринидад и Тобаго.

Денеска нов светски рекорд постави Ештон Итон од САД во десетобој со вкупно 9.045 поени, резултат за шест поени подобар од досегашниот рекорд кој, исто така беше во негова сопственост.

Сребрен медал во оваа дисиплина освои Демијен Ворнер од Канада, бронзата е за Германецот Рик Фрајмут.

Во дисциплината скок во височина златниот медал го освои Русинката Марија Кучина, среброто е заБланка Влашиќ од Хрватска, бронзата ја освои Ана Чичерова од Русија.

Полјаците Пјотр Малаховски и Роберт Урбанек ги освоија првото, односно третото место во фрлање диск, втор беше Филип Миланов од Белгија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...