Легендарниот јамајчански спринтер Јусеин Болт трета година во низа ја посети Баварија за Октоберфест уживајќи во неколку пива.
Болт, кој минатиот месец повторно освои три златни медали на СП во Пекинг (100 метри, 200 метри и 4х100 метри), веднаш по настапот во Кина реши да паузира до крајот на сезоната подготвувајќи се за ОИ во Рио де Жанеиро.