Ѓоковиќ сега има 26 победи во Пекинг

Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, стигна до својата 26. победа едноподруго на Кинескиот опен, турнир на кој има пет титули, за да ја израмни втората најдобра победничка низа на Џими Конорс.

Србинот со 6:2/6:1 го „збриша“ кинескиот тенисер Жанг Зи за 26-0 скор, идентичен како што Конорс имаше на турнирот во Бирмингем, Алабама од 1974 до 1980 година. Засега најдолгата победничка низа на еден турнир е сопственост на Рафаел Надал, кој имаше неверојатни 31 победи во низа на Францускиот опен во Париз од 2005 до 2009 година.

„Се чувствувам многу пријатно кога играм на овој терен. Се враќам секоја година со тој позитивен рекорд и тоа ми дава поголема самодоверба“, вели Ѓоковиќ.

На женскиот Кинески опен двете италијански финалистки од УС опен, Флавија Пенета и Роберта Винчи загубија во третото коло. Пенета, актуелната шампионка од Флешинг Медоуз беше поразена со 3:6/6:4/6:3 од Русинката Анастасија Пављученкова, додека Винчи со 6:1/3:6/6:2 беше послаба од американската квалификантка Бетани Матек-Сендс.

По победата во Њујорк, Пенета изјави дека заминува во пензија, и овој пат повтори дека останува на планот. Таа има уште еден турнир, следната недела во Тијанџин, Кина, каде што може да се квалификува за ВТА финалето во Сингапур.

„Ништо не се менува дали ќе одам или не во Сингапур. Мојата кариера секако ќе биде завршена. Би било убаво да одам во Сингапур, но ако не се случи, тогаш ќе одам на одмор“, изјави Пенета.

Финалистката од Вимблдон, Харбиње Мугуруза се пласираше во Сингапур со 1:6/6:2/6:1 победата над Мирјана Лучиќ-Барони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...