Металург по нова победа во Лигата на шампионите

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, тимот на Металург на досегашните шест натпревари од групата запиша две победи и четири порази, од кои три во серија на последните натпревари. По двата минимални порази на гости и домашниот пораз од Баја Маре, во тимот на Металург најавуваат победа на дуелот со украински Мотор.

На денешната прес конференција тренерот Лино Червар истакна дека неговите ракометари ќе одат на триумф, без оглед на силниот противник.



- Од поразите се учи. На првиот натпревар со Мотор загубивме со шест разлика. Ова е искусен тим, каде главна алка им е надворешната линија заедно со пивотот. Тие се незгоден ривал и ќе се обидеме да ги нападнеме поагресивно, а со борба и желба можеме да ги надминеме нашите слабости. Најважно ќе биде да се бориме, а потоа и да победиме, рече Червар.

Се очекува новото засилување на Металург Давид Шпилер да биде во составот, а тренерот Червар информира дека повредата е санирана, а единствено проблем може да биде невоиграноста со остатокот на тимот.

По солидниот настап во репрезентацијата на Македонија на турнирот во Умаг, Филип Талески очекува добар настап и реванш за поразот во Украина.

- Во Украина загубивме, но тоа беше натпревар од 1.коло од групата во Лигата на шампионите. Сега имаме друга слика, а добро е што дојде и Шпилер. Со добра игра во одбраната во текот на сите 60 минути можеме да се избориме и за резултат во наша корист.

Дуелот Металург – Мотор се игра во четврток во 17:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека другите два дуела од Д групата од ЛШ (Баја Маре – Скјерн и Елверум – Кадетен Шафхаузен) се играат во недела.

Три екипи имаат по 8 бодови Скјерн, Мотор и Баја Маре, Кадетен Шафхаузен има 5, Металург 4, а последен е Елверум со 3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...