Братски дуел во „Блау Грана“

Поради многу нешта погледите в сабота ќе бидат насочени кон дербито од групата Б, меѓу европскиот првак Барселона и македонскиот шампион Вардар. Натпревар, кој е битка за врвот во групата, за престиж, но и за братско мерење на силите, со оглед на тоа дека овој пат ќе имаме дури два пара, кои се во сродство. Кирил Лазаров како предводник на каталонскиот гигант и Филип Лазаров, капитенот на „црвено-црниот“ табор, како и една од главните Вардарови ѕвезди Алекс Душебаев и неговиот помал брат Даниел.

Соочувањето на Кире и Филип, не е за првпат, тие веќе го имаа братското дерби во првата сезона од Лигата на шампионите на Вардар во една ваква постава. Тогаш на гостински терен Вардарци загубија со седум разлика (30:23), додека во Скопје извлекоа бод (29:29).



Што се однесува до Алекс и Даниел, ова е прв нивен дуел во Лигата на шампионите, иако претходно и двајцата имаа уште еден семеен судир со нивниот татко Талант Душебаев, кој пак е стратег на Киелце. Даниел нема стандардно место во тимот, а премиерно сезонава се појави на последниот дуел против КИФ Колдинг. Можеби и воопшто нема да истрча на теренот в сабота. За разлика од него Алекс ќе биде една од клучните алки во играта на македонскиот првак.



Веќе стандардно кога имаме вакви фамилијарни врски на теренот, изјавите се јасни „на теренот нема емоции, играме за победа, како и против секој противник“. Со оглед на важноста на натпреварот и бодовите и за двата тима, несомнено е дека нема да има штедење ниту од Филип и Алекс во „црвено-црниот“ дрес, ниту пак од Кире и Даниел, кои ќе ги бранат боите на каталонскиот гигант.

Победникот во „Блау Грана“ би можел да го направи првиот чекор, кон врвот. Вардар во моментов има бод предност на табелата, додека Барселона е втора со 9 бода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...