Барселона- европски испит на вардаровата сила

Директно од Веспрем, по регионалното соочување со унгарскиот првак, Вардар се упати кон следната цел, Барселона и дербито во групата Б од Лигата на шампионите, закажано за вечерва, 19:30 часот во „Блау Грана“. „Црвено-црните“ ракометари имаа тридневна адаптација на средината во која ќе се судрат со актуелниот европски шампион и нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров. Вторпат во три сезони Вардар и Барселона ги мерат силите во групната фаза од најсилното европско клупско натпреварување. Во сезоната кога Вардаровиот табор за првпат се појави на евро-сцената во актуелниот облик, овие два тима играа заедно во групата. Тогаш во Барселона, Лазаров и соиграчите славеја со убедливи 30:23, додека на мечот во Скопје противниците ги поделија бодовите, 29:29.

Сега, две години подоцна многу работи се сменети. Вардар засега одлично се движи во групата Б, со шест победи и само еден „кикс“ на гостувањето кај КИФ Колдинг и стои на лидерската позиција во пресрет на дуелот.



Европскиот првак, пак, делува крајно променливо, пораз од РНЛ, реми со Киелце, и макотрпно бркање на резултат и враќање во игра на мечот со КИФ Колдинг во последното коло пред паузата. Промената во редовите на Барселона, наречена заминување на најдобриот играч на светот - Никола Карабатиќ, веднаш се одсликува. Не дека Барса сега е послаб тим, никако не смее да се потценат квалитетите на Лазаров, Јиха, Сигурдсон, Томас..., но главната „движечка сила“ сепак недостасува. На двомечот во „црвено-црните“ ќе го нема ниту голманот Даниел Шариќ, кој приоритет и даде на катарската репрезентација и квалификациите за ЛОИ 2016.

Поради политиката на каталонскиот клуб, изјави во пресрет на вакви дуели да се даваат само со дозвола на клубот, капитенот на националниот тим Кирил Лазаров се воздржа од коментар за натпреварот, но повеќе од јасно е дека желбата за победа е голема. Барселона е свесна дека пред неа стои една од новите европски сили и ривал на кој рамномерно му се препишуваат шансите да се најде на Ф4 во Келн.

ДУШЕБАЕВ: НИКОЈ НЕ Е НЕПОБЕДЛИВ

Европскиот првак во „Блау Грана“ не знае за пораз повеќе од три години. Последен пат Барса пред својата публика загубија во февруари 2012 во групната фаза од Загреб. Вардарци ќе се борат со една сериозна традиција, но веруваат дека со добра игра се е можно.

-Долго време Барселона нема загубено бод пред својата публика, но ниту еден тим не е непобедлив. Ја знаеме силата на противникот, но, сепак, ќе се обидеме да победиме во ’Блау Грана’, доаѓаме со таква амбиција и ентузијазам. Инспирирани сме, знаеме дека ќе треба да се бориме за секоја топка, во секоја минута од мечот. Потребно е да играме близу до перфектно ако сакаме да се радуваме. За силата на Барселона воопшто и не треба да дебатираме. Треба да знаеме како да ја пробиеме нивната цврста одбрана при напад, да внимаваме да не губиме топки, бидејќи ќе нè ’убијат’ со контра и полуконтра. Грешките мора да ги сведеме на минимум. Истовремено и да понудиме агресивна дефанзива, која ќе ги спречи нивните удари кон голот – анализира Вардаровиот бек Алекс Душебаев.



ТОСКИЌ: РЕМИ БИ БИЛО „ПОЛНА КАПА“

-Сигурно дека сме свесни за тешкото гостување кај европскиот првак кое е пред нас. Барселона е во групата на главни кандидати за освојување на Лигата на шампионите и на домашен терен се супериорни, не се сеќавам кога последен пат загубиле меч. Од друга страна факт е дека Вардар има одлична сезона и дека сме на врвот во групата Б и секако дека ќе ги бараме нашите шанси. Ова е оној меч во кој во вистинска смисла на зборот мора да дадеме сè од себе, најдоброто и ако ни се укаже шанса да ја искористиме на најдобар можен начин.

Барселона сезонава покажа слабости, но и понатаму тоа е екипа која има своја вредност и квалитет. Не сме оптоварени, најважно е да одиграме најдобро што умееме и да се избориме за активен резултат. Реми ми било ’полна капа’, а секако дека ќе се обидеме и да ги изненадиме. Барса е фаворит, но докажано е дека фаворитите не се непобедливи, па поради тоа верувам во добар меч во пресрет на реваншот во Скопје – вели пикерот Алем Тоскиќ.

ВАРДАРЦИ БЕЗ ГЛАВНИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ?

Сериозен проблем има Раул Гонзалез во пресрет на денешниот натпревар со оглед на тоа дека постои голем знак прашалник Вардарци во составот да го немаат главниот дефанзивец, Илија Абутовиќ. Бекот се жали на повреда на рамото, која му создава големи проблеми, па според информациите до кои дојде „Македонски спорт“, по пристигнувањето во Барселона направени му се лекарски прегледи, а деновиве тој беше поштеден од тренинзи, и се чини дека мали се шансите вечерва да истрча на теренот. Сепак, може да се случи стратегот да одлучи да ризикува, па Абутовиќ, сепак, да мора да стисне заби и да му помогне на тимот.

Дефанзивната линија на Вардар, без разлика дали се игра 6-0 или 5-1 досега беше кобна за РНЛ, Киелце, Пик Сегед..., а вистинскиот тест ќе го има токму против европскиот првак. Доколку Абутовиќ го нема тогаш таа одбрана ќе има и тоа како тешка задача да го задржи својственото ниво.

Што се однесува до играчкиот состав за денешниот меч, тој е ист како и против Веспрем, односно недостасува само голманот Петар Ангелов, кој поради дисторзија на скочниот зглоб остана во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...