Врвот се „искачува“ во „Ауди арена“

Најважната битка од групната фаза во Лигата на шампионите ЖРК Вардар ја има попладнево, 16:30 часот, во „Ауди арената“ на гостувањето кај унгарскиот вицепрвак Ѓер. Ривалот кој на стартот на најсилното европско клупско натпреварување му го нанесе најтешкиот пораз на македонскиот првак пред својата публика во „Јане Сандански“ во тригодишната историја.

Но, од средината на октомври многу работи се сменија за Вардаровите ракометарки. Три победи во низа против Хипо и Митјиланд, кои не само што го промовираа тимот во сигурен патник во главната фаза од ЛШ туку и го ставија во позиција да се бори за лидерското место во групата Ц. Ѓер, пак, покажа дека не е непобедлив и по почетниот „лет“, „падна“ и тоа пред својата публика од данскиот првак, па потоа мораше да се рехабилитира со Хипо.


Бодовната ситуација на денешните противници е егал, односно со по три победи и еден пораз или вкупно шест бода, Вардар и Ѓер се во главната трка за врвот на табелата. Но, бодовите не се само важни за да се застане на првото место, нивното значење е поголемо ако се знае дека се пренесуваат во следната фаза. Оттаму доаѓа и решеноста на „црвено-црните“ дами да го задржат актуелниот ритам и да потврдат дека натпреварот од стартот на сезоната е само лош ден.

-Желбата е да ја задржиме победничката серија која ја имаме и да се радуваме во Ѓер. Имаме одличен ритам, победите против Митјиланд не само што бодовно нè промовираа во патници во следната фаза туку имаа големо значење за нашата самодоверба и за комплетниот амбиент во тимот. Свесни сме дека ќе биде многу тешко, а тука е и притисокот, кој верувам дека го има Ѓер, исто колку што постои и кај нас бидејќи и за двата тима бодовите од овој дуел ќе значат многу во продолжението – заклучува пикерот на ЖРК Вардар, Ања Алтаус.

Вардарки претрпеа пораз во Скопје на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, но градацијата во формата која ја имаат, особено на последните два меча со данскиот првак и тоа како дава надеж дека изненадување е можно и на унгарско тло.

-Првиот дуел во Скопје треба комплетно да го оставиме зад нас. Ова е сосем нов натпревар. Во првата средба како да не бевме 100 отсто во мечот и покрај силната желба сезоната да ја започнеме со победа. Извлековме некои поуки од тој натпревар и мислам дека сега сме подобри, ја најдовме нашата игра, функционираме како тим и тоа е еден од главните елементи за победа.

Потребно е да останеме целосно фокусирани на она што ние може да го дадеме. Договореното да се спроведе на теренот, каде одново главниот акцент е на одбраната. Не е важно колку голови ќе постигнеме туку да го спречиме противничкиот напад. Само така ќе си отвориме пат за наша лесна реализација – вели кружниот напаѓач.

БЕЗ ОСЦИЛАЦИИ

Главно за да се добие Ѓер на негов терен за германската репрезентативка во Вардаровиот дрес е да се задржи истото ниво на игра во текот на целиот натпревар, што видовме дека е можно минатиот викенд во Икаст.

-Ѓер е екипа која делува многу сплотено на теренот, со враќањето на Аморим се уште посигурни, па поради тоа мора и ние да останеме цврсти и единствени од почетокот до крајот на мечот. Мора сè да функционира беспрекорно, нема простор за подеми и падови, зошто токму моментите на слабост Ѓер може да ги искористи и да нè казни. Ќе има голема битка и за престиж и за бодови, а најважно е да останеме доследни на она што најдобро го знаеме и да го пренесеме во целост на теренот – децидна е Алтаус.

ГОРБИЦ: „ВАРДАР ДОАЃА ПО ТРИУМФ“

Унгарскиот вице-првак иако одлично ја отвори сезоната, сепак, во изминативе недели претрпе неколку непријатни изненадување, загуби од Митјиланд на домашен терен во ЛШ, а потоа и во националното првенство беше поразен од ФТЦ. Ваквите моменти на криза го прават Ѓер и тоа како внимателен и резервиран во пресрет на дуелот со Вардарки.

-Многу важен натпревар за нас, во кој мора да бидеме максимално внимателни. Не само поради она што се случуваше да првиот меч во Скопје, и поради двата бода кои се од големо значење, туку и поради сето она што се случуваше во изминативе недели, поразите од Митјиланд и ФТЦ. Тие покажаа дека не функционира сè беспрекорно во тимот и дека промените се чувствуваат.



Вардар сигурно дека доаѓа со желба за триумф и желба да покаже дека резултатот од првиот меч е само одраз на лоша игра во моментот. Последните нивни натпревари со Митјиланд покажаа дека се во одлична форма. Имаат квалитетни играчи на сите позиции, но ние мора да останеме концентрирани и да ја повториме добрата игра од првиот меч за да го добиеме овој тежок и важен дуел- изјави Анита Горбиц.

Вардарки вчера околу пладне со авион отпатуваа за Будимпешта, па од таму со автобус до Ѓер, каде синоќа го одработија тренингот пред денешниот дуел, кој ќе одлучува за врвот во групата Ц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...