Барса без Јиха со месеци?

Чешкиот интернационалец и еден од најдобрите ракометари на денешницата, Филип Јиха, според официјално непотврдени информации ќе мора да ја санира повредата на карлицата со оперативен зафат и да мине надвор од теренот неколку, најверојатно четири месеци.

Ова е информација која вчера циркулираше низ интернетот, иако нема официјална потврда од чешкиот играч, а во претходното соопштение на каталонскиот клуб стоеше дека Јиха ќе мора на операција, а во наредниве денови, во зависност од тоа како ќе реагира на терапиите, ќе биде донесена одлуката кога ќе оди „под нож“. Шпекулациите се однесуваат на времето кое ќе мора да го мине надвор од теренот.



Така Барселона во Скопје ќе дојде без три ракометари со кои ја почна сезоната. Да потсетиме, прво Даниел Шариќ замина за Доха да ги брани боите на Катар во олимписките квалификации, по тоа се повреди и Даниел Сармиенто, а сега редот дојде и на големото засилување и замена за Никола Карабатиќ.

Дека им е сеедно, сигурно дека не е, но Барселона е голем клуб со широк ростер, а во меѓувреме во нивните редови се пресели и повремениот шпански репрезентативец Карлос Руесга. Доза плус на самодовербата им влеа и Ваел Жалуз со импресивната партија против Вардар минатиот викенд.

Во меѓувреме каталонците го градат тимскиот дух и низ фото сесии, а последната ги прикажува момците од „Блау грана“ премачкани со воинствени бои и во стајлинг препознатлив за антички воини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...