Надал го среди британскиот „фризер“

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја запиша втората победа во второто коло од групната фаза на завршниот турнир во Лондон, а по Вавринка негова втора „жртва“ беше вториот тенисер на светот Енди Мареј. Шпанецот го совлада својот ривал за 93 минути со 2:0, во сетови (6:4 и 6:1) и дојде на чекор до полуфиналето во групата „Илија Настасе“. Мечот ќе остане запомнет по тоа што Мареј во паузата меѓу гемовите ја потстрижуваше косата.

„Задоволен сум што победив одличен тенисер на тежок терен. Многу подобар сум во споредба од пред два месеци и мислам дека се движам во вистинска насока. Победи над Стен и Енди без загубен сет покажува дека сум во одличен ритам и се надевам дека ќе продолжам така“, изјави Надал, кој ја запиша 60. победа сезонава.

„Рафа беше подобар денеска. Се гледа дека ја поправил играта од пред неколку месеци. Јас имав лош меч. Сервирав многу лошо, можеби најлошо во оваа година. Слаб бев во првиот, а уште послаб во вториот сет. Врвен тенисер како Рафа тоа знае да го искористи“, изјави светскиот рекет број 2, Мареј, кој објасни зошто се потстрижувал за време на мечот.

„Прамен од косата ми пречеше на очите и морав да го исечам“, додаде Британецот кој уште нема триумф над Надал во Лондон (три порази на Вимблдон и еден на Мастерсот во 2010 година).

Во последното коло од групната фаза Надал ќе игра против сонародникот Давид Ферер, додека Мареј против Швајцарецот Вавринка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...