Новак му врати на Федерер за крај

Српскиот светски рекет број 1 доминираше во финалето за да стане првиот тенисер во 46-годишната историја на елитниот турнир да освои четири титули едноподруго.



Федерер имаше шанси на почетокот на мечот, но пропушти две брејк топки. Ѓоковиќ се покажа како подобро подготвен правејќи брејк во третиот и деветтиот гем за да го освои првиот сет. Швајцарецот Федерер, кој бараше да го подобри сопствениот рекорд од шест титули на АТП финалето, губеше со 3:4 и 0:40 во вториот сет, но успеа да спаси пет едноподруго поени. Сепак, 28-годишниот Ѓоковиќ на крајот го „потроши“ 34-годишниот Федерер правејќи брејк кога Швајцарецот сервираше да остане во мечот при 4:5.

„Роџер беше подобар тенисер во мечот во натпреварите по групи и знаев дека морам да сменам нешто. Овој пат враќав повеќе удари. Тој беше поагресивен и беше тешко да се остане на негова игра, но мислам дека одиграв солиден меч. Сега одам на одмор и да поуживам во сезоната што ја имам. Време за полнење на батериите, а за следната сезона ќе размислуваме подоцна“, вели Ѓоковиќ, кој неверојатната сезона ја завршува со три гренд слем титули, пораз во финалето на Ролан Гарос, шест Мастерс 1000 титули и 82-6 скор. Покрај четирите титули во низа, Ѓоковиќ ја освои и титулата во Шангај во 2008 кога натпреварувањето се викаше Мастерс куп. Тој сега е израмнет со Иван Лендл и Пит Сампрас со пет титули од завршниот турнир и следниот ноември може да се израмни со Федерер.

„Горд сум на остварените работи во оваа сезона. Не можев да имам подобар финиш, и ова е дефинитивно најдобрата сезона во мојот живот. Кога растев сонував да играм на овие големи турнири во спортот“, вели Ѓоковиќ.

Федерер успеа да го шокира Србинот со 7:5/6:2 во натпреварите по групи во вторникот завршувајќи ја победничката низа од 23 меча која траеше од август. Но, во финалето тој не можеше да ја повтори магијата.



„Иако никогаш не е лесно да загубиш, подобро е вака отколку како лани кога морав да се повлечам со повреда. Оваа недела беше одлична и задоволен сум од сезоната. Го дадов мојот максимум и иако играв добар тенис загубив. Некои од поените беа луди. Новак ја заслужи титулата“, изјави Федерер.

Ѓоковиќ сега успеа да се израмни во дуелите со Федерер на 22:22, иако сè уште нема водено во овие дуели откако го загуби првиот нивни заеднички меч во 2006 година во Монте Карло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...