Да се остане голем и во поразите

Сите се надевавме и посакувавме повторната средба на Вардар и Барселона, овој пат во СЦ „Јане Сандански“ да има еден поинаков расплет од првиот меч во „Блауграна“ пред една седмица, но, за жал, резултатот беше оној, најмалку посакуваниот, втор пораз од европскиот првак или вкупно трет во групата Б, во Лигата на шампионите. А имаа Вардаровите ракометари и мотив и желба и пеколна поддршка, па дури и игра, и резултатска предност цели 55 минути, за потоа во самиот финиш, кога беше најпотребно, крајот да го расипе делото.

Македонскиот првак покажа дека знае како да се носи со фаворитите, со оние кои имаат статус на гиганти, а покажа „заби“, не само во неделата попладнето пред својата публика туку и на гостински терен. Токму затоа и ја доби заслужената почит од противникот, кој им порача дека ќе се видат на Ф4 во Келн.



Патот дотаму можеа да си го олеснат момците во црвено-црно ако се радуваа во реваншот во Скопје, за што имаа и реална можност, но останува отворено прашањето што се случи во оние заврши пет – седум минути од средбата?

Вардар имаше константно водство од два гола, но тоа го загуби токму во клучните моменти од средбата, а за гледалиштето во СЦ „Јане Сандански“ главни виновници за тоа се судиите. Да, се согласувам дека имаше две-три дискутабилни одлуки на судискиот пар од Данска, но дека тие беа главната причина за поразот на Вардар, не би се согласила. Нема ништо срамно да се загуби од европски првак.

Како што е македонскиот првак голем по победите, така треба да остане голем и сега, во поразот и да си ја признае грешката. Три загубени напади во серија поради брзањето да се задржи резултатот на егал, како и трите нереализирани зицери, кои го направија Даниел Шишкарев вистински трагичар на мечот, треба да бидат предмет на анализа на Раул Гонзалез кога ќе ги бара причините за негативниот резултат во Скопје. Во последните пет минути од мечот Тимур Дибиров беше единствениот кој најде пат до голот на Перез де Варгас, а Арпад Штербик, пак, го спаси Вардар од повисок пораз. Се „изгоре“ ли во желбата да се добие каталонскиот гигант, па не се размислуваше трезвено, кога беше најпотребно? Во никој случај не се дискутира за тактиката на шпанскиот стратег која функционираше 55 минути, но дали во финишот се заборави навреме да се искористи тајм-аут, да се изротираат порано Циндриќ и Карачиќ или, пак, да се врати Брумен на позиција десно крило бидејќи тој заврши добра работа и на првиот меч, а и во првото полувреме кога доби шанса.

Убаво констатираше Стојанче Стоилов на пресот по мечот, сега треба да се направи квалитетна анализа и да се извлече поука од овие два порази затоа што Вардар во продолжението нема да има право на грешка ако сака да се најде на двете позиции кои водат директно во четвртфиналето. Кај еден од директните ривали за тие позиции, Киелце, гостуваат веќе в сабота.



ЗОШТО СЕ ВАЖНИ ПРВИТЕ ДВЕ ПОЗИЦИИ?

Новиот натпреварувачки систем во Лигата на шампионите им ги отвора ширум вратите кон Ф4 во Келн на екипите кои ќе се најдат на лидерските позиции во групите А и Б. Токму поради тоа и за Вардар е толку важно да се најде на тоа место или, пак, зад првиот тим. Првопласираните по завршувањето на групната фаза обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето, односно последната скала пред „фајнал-форот“ на крајот на мај следната година. Тоа значи дека ја пропуштаат онаа „плеј-оф“ фаза во која има 12 екипи. И второпласираните тимови во групите А и Б ќе поминат полесно со оглед на тоа дека тие во „плеј-офот“ за противници ќе ги имаат победниците од двомечот меѓу најдобрите две екипи од групите Ц и Д. Со оглед на разликата, која ја имаат екипите од А и Б друштвото, со оние од Ц и Д, јасно е дека и второрангираните во групната фаза имаат полесен пат до Топ 8. Тимовите кои ќе завршат од третото до шестото место по комплетирањето на групното натпреварување, пак, ќе се судрат со ривалите од ист ранг, односно оние од А играат со оние од Б групата, што значи дека нема да има лесна „пречка“ на патот до следната елиминација. Според актуелната ситуација на табелите, ако Вардар заврши на третото место тоа би значело дека ППД Загреб или Висла Плоцк би му биле противници во продолжението што нема да биде толку едноставно.

Затоа секој бод за Вардарци во групната фаза е и тоа како значаен и игра улога во неговата иднина во најсилното европско клупско натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...