Вардар без Карачиќ во Полска

Организаторот на играта на Вардар, Игор Карачиќ, нема да патува за Киелце, каде утре „црвено-црните“ одново ќе ги измерат силите со полскиот првак во групната фаза од Лигата на шампионите. Средниот бек заработил повреда на левото колено на натпреварот против Барселона во Скопје и ќе одмора до понеделник. Карачиќ не тренираше ни на вчерашниот последен тренинг на екипата пред заминувањето за Полска.



„Игор има болки во коленото и во консултации со стручниот штаб одлучивме да не патува за Киелце. Ќе мирува и ќе подлежи на терапии, па од понеделник ќе видиме каква ќе биде состојбата со коленото и дали ќе може да се приклучи на тренинзите“, информираат од Вардаровиот табор.

Отсуството на Карачиќ ќе значи дека Раул Гонзалез за дуелот со Киелце ќе располага со само еден плејмејкер, Лука Циндриќ.

Покрај средниот бек, во Полска нема да патува ниту Петар Ангелов, кој во ротацијата на голманите е оној кој останува во Скопје.

Вардарци рано изутринава (7:30 часот) заминаа за Киелце, каде попладнево ќе го одработат единствениот тренинг пред утрешниот натпревар со полскиот шампион.

ГОНЗАЛЕЗ: ИМАМЕ ШАНСИ

Првиот од трите директни ривали за второто место во групата Б во ЛШ е добро познат за Вардаровиот табор. Киелце веќе загуби во Скопје, убедливо, со десет гола разлика, но за да биде таа пречка елиминирана потребно е „црвено-црните“ момци да слават и на гостински терен. По двата порази од Барселона, на тимот му е неопходно да се врати на победнички патеки, но јасно е дека ќе биде пеколно тешко на полски терен. Сепак, шанси секогаш има.

-Против Киелце дома одигравме одлично, можеби најдобриот натпревар во Лигата на шампионите сезонава. А, игравме одлично и на претходните два натпревари со Барселона, цели 55 минути, но кога беше најпотребно како да не знаевме како да завршиме, направивме премногу грешки. Затоа не можам да кажам дека е потребно да се репризира таквата игра. Секој натпревар е приказна за себе и сите знаат дека јас и Талант имаме сличен систем на игра. Затоа се подготвуваме на сè, се поставуваат тактички замисли, но никогаш не знаеш како ќе биде на терен. Играме на гостински терен, со силен, незгоден противник. Имаме шанса, но потребно е одново да го прикажеме она ниво кое го имавме против Киелце во Скопје – заклучува тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...