Отворен пакетот „ЕП Полска 2016“

Туристичката агенција „Пилот травел“, која е партнер на РФМ во организацијата на македонските навивачи за Европското првенство што ќе се одржи во Полска, го отвори пакетот на понуди за „фалангата“.

Со оглед на тоа дека онлајн билети немаше по 2 минути од пуштањето во продажба, заинтересираните за пат во Краков ќе мораат да се снаоѓаат по свои канали или преку туристичка агенција. РФМ има право да закупи, односно резервира одреден број билети од организаторот на првенството, но нема право да ги (пре)продава, па целата авантура паѓа врз туристичката агенција.



Споменатата агенција има закупено само 100 билети од Категорија 3 кои се врзани со сместување. Цените на аранжманот се движат од 23.000 денари до 29.000 денари во зависност од хотелот. Вклучен е автобуски превоз, шест ноќевања со појадок, билети за првата фаза вклучително и отворањето на првенството и туристичко разгледување на Краков.

Засега немаме информација дали и други агенции имаат свој план за организирање на патување на ЕП.

Така очекуваме „фалангата“ во Краков да биде максимум 200 луѓе, што и не е мала бројка имајќи предви повеќе фактори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...