Партизан на прагот на европска пролет

Фудбалерите на Партизан се на чекор до огромен успех - пласман во шеснаесетфиналето во Лигата на Европа. „Црно-белите“ го пресврт го победија АЗ во Холандија во петото коло од групната фаза па така сега само теорија ги дели од европска пролет поточно пред своите навивачи во последното коло не смее да изгуби од Аугзбург со 0:3, 1:3 и поубедливо.

Српскиот шампион имаше многу проблеми во Алкмар, меѓутоа во второто полувреме го сврте резултатот и стигна до трите бода. А истовремено голема услуга им направи Атлетик со победата над Аугзбург со 3:2 која истовремено ги прати Шпанците во следната фаза.



Дефанзивата на Партизан капитулира на стартот на второто полувреме меѓутоа Абубакар Умару на центаршут на Нинковиќ со глава го погоди голот на Холанѓаните додека Камерунецот му асистираше на Андреа Живковиќ кој донесе победа од 2:1 во последните минути од натпреварот. Младиот српски репрезентативец уште еднаш беше таличен за белградската екипа, откако претходно донесе триумф и во Аугзбург. Живковиќ сега има четири гола во групната фаза.

ЛОКОМОТИВ СИ ЈА РАСИПА ЗАБАВАТА

Московскиот Локомотив не успеа да го завери местото во нокаут фазата откако пред своите навивачи загуби убедливо од Спортинг. Интересно, рускиот тим триумфираше во Лисабон со 3:1 во првото коло, а вчера загуби на реваншот со 4:2 и покрај тоа што поведе со погодок во петтата минута. По триумфот на Бешикташ над Скендербег работата во групата Х се компликува па така Бешикташ, Локомотив и Спортинг имаат шанси за пласман понатаму со тоа што во последното коло првиот и третиот играат меѓусебе во Лисабон, додека Русите му гостуваат на албанскиот тим кој нема шанси за ништо повеќе.

ЛАЦИО ПОМИНУВА ПО ЧЕТВРТИ ПАТ

Лацио го освои првото место во групата Г по победата над Днипро на домашен терен и четвртипат во последните пет сезони се избори за место во шеснаесетфиналето во Лига Европа. Лацио беше поуспешен од Днипро и со 13 бодови не може да биде изместен од првата позиција. Второто место го освои Сент Етјен благодарение на бодот освоен против Розенборг. Францускиот тим не успеа да ја помине групата минатата сезона но овојпат имаше среќа и ќе го гледаме на пролет во најмасовното клупско натпреварување.



И ТОТЕНХЕМ ВО ЕЛИМИНАЦИСКАТА ФАЗА

Благодарение на погодокот на Хари Кејн Тотенхем ја победи Габала со 1:0 и се пласира во елиминациската фаза на Лигата на Европа. Кејн го реши победникот во 78 минута и тоа беше негов осми погодок во последните шест натпревари вклучувајќи ги и натпреварите од Премиер-лигата. Во оваа група Ј за вториот патник ќе се одлучува во последното коло затоа што Андерлехт направи изненадување со триумфот над Монако на гости.

Андерлехт сега е втор и е блиску до пласман понатаму затоа што игра дома против Карабах, додека на Монако ќе му треба чудо, освен кикс на белгискиот тим ќе мора да го победи Тотенхем на „Вајт Харт Лејн“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...