Вардар оди на втора победа против Киелце

Киелце, 28 ноември 2015 (МИА) - Ракометарите на Вардар вчеравечер го одржаа единствениот тренинг во салата „М.О.С.И.Р“ во Киелце каде попладнево против истоимениот полски шампион ќе го одиграат мечот од 9. коло во ЕХФ Лигата на шампионите.


 
И двете екипи се надеваат на освојување на двата бода и повисок пласман во групата што би значело условно полесен противник во следната фаза.
 
Евентуална победа за Вардар би бил значаен чекор во борбата за второто место, истото се однесува и за Киелце кој исто како „црвено-црните“ има 10 бодови.
 
Тренерот Раул Гонзалес во Полска ги понесе 16-мината кои ќе можат најдобро да одговорат на предизвикот во овој момент, а меѓу нив не се Игор Карачиќ поради повреда и Петар Ангелов.
 
Натпреварот почнува во 16 часот.
Вардар на првиот дуел, одигран во Скопје славеше со 34:24.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...