Киелце на Вардар му го нанесе третиот пораз во низа

Киелце, 28 ноември 2015 (МИА) - Ракометарите на Вардар го запишаа третиот пораз по ред во Лигата на шампионите. По двата загубени дуели од европскиот првак Барселона „црвено-црните“ попладнево загубија од полскиот првак Киелце со 23:20.



Воедно за вардарци ова беше четврти пораз во групната фаза по што го загубија третото место.

Полјаците во текот на целиот дуел го контролираа резултатот и не му дозволија на нашиот шампион да се надева на позитивен резултат.

По почетните 1:1 и 2:2, следуваа три гола за Киелце, а веќе по 20-ина минути беше пет разлика (9:4). На полувреме се отиде со резултат 10:6. Негативата на Вардар не беше поголема само по заслуга на голамнот Страхиња Милиќ кој имаше девет интервенции.

Предноста на Киелце продолжи да расте и во второто полувреме, за во два наврата да изнесува максимални плус седум.

Сепак, до крајот избраниците на Раул Гонзалес одиграа поангажирано и ја преполовија високата предност на противникот.

Најдобри играчи кај Вардар беа Сергеј Горбок со шест погодоци и голманот Милиќ со 15 одбрани.

Во победничкиот состав Михал Јурецки пет пати се запиша во листата на стрелците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...