Битката за Рио почнува со Норвешка

Европското првенство штотуку доби ново резултатско значење за репрезентацијата на Македонија. Норвешка ја совлада Полска и сега е блиску до полуфинале. Ако успее да мине и да се пласира во финалето, а таму да е Франција, тогаш олимпискиот сон на оваа генерација е завршен. Во тој случај Македонија нема да игра во квалификации за ОИ.
Сè уште математиката е на наша страна, сè уште Норвешка е далеку од моментот да оди како директен патник за Рио... Но, до пред некој ден далеку беше и пораз на Хрватска од Норвешка, довчера далеку беше и пораз на Полска од Норвешка, па ете Хрватска замина со наведнати глави и без шанса за полуфинале, а видовме и како 15.000 Полјаци можат да произведат нула децибели.

Ако се случи Франција и Норвешка да минат во полуфинале (за тоа е потребно Полска да загуби од Хрватска), тогаш сè е можно. Норвешка би можела да се најде во финале, а ако таму е и Франција, а веројатно и би била, тогаш тоа ќе биде крај на нашите соништа да го видиме Рио де Жанеиро.

На патот на Норвешка до полуфиналето стојат два тима, Македонија и Франција.



Значи, патот до квалификациите до Рио нема да бидат подарок. Можеме да си го избориме сами. Односно, да ја запреме Норвешка во нејзиниот еуфоричен пат кон медал на ова ЕП.

Одново има резултатски мотив и тоа за нашиот тим секако е добро. Доколку не беше вака, којзнае како ќе ни изгледаа немотивирачките натпревари со Норвешка и Белорусија. Сè уште имаме моќни сојузници прво во Франција, а по тоа и во полуфиналистите кои ќе стигнат од Вроцлав, а веруваме дека тоа ќе се Шпанија и Данска, но се работи за еден меч каде една слаба партија како „оваа“ на Шмал или погрешен пристап на пример на Микел Хансен би значело дека Македонија и Рио се крајно некомпактабилни.

Добро е, рековме, што имаме шанса сами да си ги решиме проблемите.

ДОБРИ СМЕ ИЛИ ЛОШИ?

Деновиве постојана тема во новинарските муабети е дали Македонија не беше толку добра колку што Франција и Полска беа слаби или, пак, не беше толку слаба колку што Хрватска на пример беше силна.

Кој е реперот за силата на македонскиот тим, ќе видиме во понеделник. Влогот е голем, поголем не може. Си решаваме сами дали ќе играме олимписки квалификации.

НЕЗГОДНА НОРВЕШКА

Иако нескриено посакувавме да станеме ние изненадување на ЕП, без оглед на тоа што нашите играчи се возрасни и сите ги знаат, тој епитет нерадо ѝ го препуштаме на Норвешка.

Машкиот норвешки тим е беше светлосни години поназад од женскиот. Но, дали по ова ЕП ќе се повтори „данското сценарио“? Своевремено таква беше ситуацијата и кај нивните соседи, но таму се појави Микел Хансен, Данска стана силна и сите спонзори од женскиот заминаа во машкиот тим.

Норвешка никој не ја сместуваше кај сериозните кандидати за втор круг, а не па за пласман во полуфинале. Тоа се должи на годините инфериорност, а и во пресрет на ова ЕП немаше ништо ветувачко.

Нетипично за нив, при смената на селекторот Хедин со Кристијан Берге на површина излегоа некои би рекле балкански проблеми. Од тој момент, прво беше дистанциран, а по тоа и комплетно се разделија со Хавард Тветен. Тветен е еден од најпакосните леви крила во светот. На ранг со Гудјон Валур Сигурдсон. Повреден им е и Кристијан Кјелинг, на голот го нема Оле Еревик.

Но, извадија нови момци. Рајнкајнд и Тонесен се искалија во Бундес-лигата, а Еспер Лие Хансен не треба да им се објаснува на тие кои малку посериозно следат ракомет.

НЕМА ДА НÈ ПОТЦЕНАТ



Некакво потворливо сценарио на ова ЕП е она „летање во облаци“. Јас видовме пред сè Македонија како одигра по Србија, Полска по Франција, Хрватска по Македонија и така натаму. Логично и многу убаво да се види би било Норвешка така да игра со Македонија. Но, нешто нè тера да мислиме дека нема да биде така.

„Ве следев како игравте. На натпреварите со Полска, Франција, Србија резултатот беше тука некаде, 2-3 гола. Нема да ве потцениме, знаеме дека нè чека тежок меч и така ќе се подготвуваме“, изјави за Македонски спорт, бекот на норвешката репрезентација Согесен.

Вакви клише изјави имам слушнато безброј, но на Согесен му веруваме.

РАЗЛИЧЕН МЕНТАЛИТЕТ

Утре на терен ќе излезат репрезентации со сосема различен менталитет. Дисциплинираните и ладни Скандинавци и емотивните и со врела крв Балканци. На хартија изгледа дека ние сме позитивците во приказната, но во многу малку сегменти можеме да се мериме со ладниот и нечувствителен север.

Можеби утре, конечно, ќе проработе и македонскиот инает, се бара релевантен доказ дека постои и ќе гледаме поинаква битка.

Кога сме кај менталитетот, интервјуиравме неколку играчи на Норвешка, сите добија и исто прашање.. Дали ги стига уморот по толку напорни натпревари. Велеа дека не, дури и се зачудија на пример Мамелун и Мирхол на прашањето, искрено се надеваме дека по натпреварот со Македонија ќе чуеме некој од нив да каже дека ги стигнал уморот.

Бидејќи ние сега имавме неколку дена одмор и треба ние да сме свежиот тим на теренот и тоа треба да е наша предност.

БЕЗ ГОЛМАНИ - НИШТО



Битка мора да има. Треба да има тепачка, ама ние да сме тие што тепаат. Ако играме „балерина“ ракомет со Норвешка, можеме само да им го трасираме патот кон полуфиналето. Имаме свеж пример. Полската одбрана не се движеше многу и не беше агресивна колку што треба, па сега ќе решаваат проблеми од поинаков тип.

Веруваме дека ќе видиме крв во очите на Велко Маркоски и Аце Јоновски, затоа што без нив двајца, ништо не можеме да направиме. Но, гледајќи го односот на силите на Славе Шмал и Хансен, Тонесен... нема далеку да одиме и ако немаме вонсериска партија од некој од голманите.

ЌЕ НАВИВААТ И ПОЛЈАЦИ И ФРАНЦУЗИ

Двата главни фаворити за пласман во полуфиналето од овој дел на „костурот“ беа Франција и Полска. Норвешка го разби ова трио, па сега Хрватите веќе резервираат хотели во Вроцлав каде ќе се игра за пласман.

Но, во игра останаа Полска и Франција. И на едните и на другите, а најмногу на нас би одговарала победа на Македонија над Норвешка. Не очекуваме, но ќе ги „буцнеме“ малку полските колеги да ја одбележат оваа варијанта, па да имаме малку поддршка од трибините. Не дека на Норвежаните тоа им значи, туку дека на нашите играчи повеќе им лежи игра кога трибините пеат за нив.

АЦЕ ЈОНОВСКИ

Имаме предност, треба да ја искористиме



„Видовме како одиграа добро во напад, може доста добри заклучоци да се извадат од тој натпревар. Треба добро да ги анализираме, иако и сега знаеме кои се нивните ударни игли. Практично тоа е целата нивна бековска линија. Двата шутери имаа одличен натпревар.

Можеби бевме малку уморни, но стигна тој посакуван одмор. Мислам дека добро го искористивме. И треба да искористиме тоа што Норвежаните вчера играа исклучително тежок натпревар.Се потрошија доста, ние влегуваме можеби со мала предност, па треба да се одигра 100 насто на овој натпревар.

Тие се екипа која има многу шутеви и одбраната и голманот треба да бидат навистина на ниво за го намалиме бројот на голови.

ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ

Имаат колектив, имаат поединци



Не нè изненади победата на Норвешка над Полска, туку го потврди тоа што го знаевме и од кое стравуваме. Се работи за навистина квалитетна репрезентација, тоа го потврдија со победите над Хрватска и над Полска. Гледавме нивни натпревари, имаат млада перспективна екипа во која има и одлични поединци. Ние одиме со цел да го поправиме впечатокот и на овој и на натпреварот со Белорусија. Нив им одговара побрза игра, а ние треба да го смириме темпото. Често одат во полуконтра и брз центар, брзи крила, бекови што шуритаат од 10 метри, имаат многу, имаат навистина добри поединци“.

ИВИЦА ОБРВАН

Би сакал 12 до 15 одбрани од голман



Мораме да ја запреме не само заради ОИ туку и заради себе. Имавме три-четири дена пауза, а ги видовме нив и нивната сила на натпреварот со Полска. Играат одличен ракомет во овој момент. Но, мотивот ни е добар, сакаме да покажеме подобра игра и подобар резултат отколку што беше на натпреварот со Хрватска.

Сигурно сега сме поодморени.На натпреварот со Хрватска мислам дека повеќе беше психолошки умор, некое емотивно празнење по заслужениот резултат со Србија. Се одморивме, физички, ако имало умор. Сигурно имало, но не до таква мерка.

Клуч на сè е добрата одбрана. И нормално добри голмани. Би бил задоволен со 12 до 15 одбрани, но тука и одбраната мора многу да им помогне. Ги видовме нивните бекови Тонесен и Рајнкајнд, Хансен и Сагесен, сите се одлични шутери. Крила што користат и малку агли. Мораме да бидеме добро, сигурно на почетокот нема да мора да менуваме двајца играча одбрана-напад, затоа што тие ги користат тие шанси. Ќе се прилагодуваме на ситуацијата, во текот на натпреварот.

Ќе се обидеме со повеќе ротации, секој натпревар е приказна за себе, често и резултатот тоа го диктира. Би сакал сите играчи да ја имаат комплетната концентрација затоа што тоа ќе ни биде неопходно за да дојдеме до позитивен резултат.

КИРИЛ ЛАЗАРОВ

Наша обврска е две победи



„Без разлика на резултатот на Норвешка со Полска, ние одиме по нашиот пат. Секој натпревар е за себе. Ова ЕП покажува дека детали решаваат за тоа каков ќе биде резултатот. Излегуваме да ја победиме Норвешка. Пред Полска можеби немавме такво мислење за Норвешка, дека го поседуваат тој квалитет, но секој натпревар е нешто ново, секој ден носи нешто ново. Тоа не значи дека ќе бидат на ниво како со Полска или, пак, дека ние ќе бидеме на ниво како со Хрватска.

Ни остануваат два натпревара, наша обврска е на тие два меча да извојуваме две победи. Одморот ни дојде добро, не е едноставно да се игра ден за ден, посебно во репрезентација каде што нема многу можност да се ротира. Друго се екипи како Франција и Данска, кои на почеток можат да калкулираат, да ја подигаат формата. Би требало да бидеме на препознатливото ниво на следниот натпревар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...