Македонската машка ракометна репрезентација вечера во Краков со почеток во 18 часот и 15 минути ќе си ги одмери силите со селекцијата на Норвешка.
По пауза од неколку дена, натпреварите на Македонија на ЕП во Полска продолжуваат, а за таа цел беше создадено ново фан видео во кое навивачите им порачаа на играчите.
Нема предавање!
На табелата, Франција и Норвешка имаат по шест бодови, два повеќе од Хрватска и Полска, додека Македонија и Белорусија се без освоен бод.