Обрван: Можеме да жалиме за вториот бод

Македонската ракометна репрезентација по вторпат одигра нерешено на Европското првенство во Полска. Во Краков во втората фаза од шампионатот Македонија - Норвешка 31:31.

- Честитки за играчите на двете селекции за одличниот натпревар. Водевме во најголемиот дел од натпреварот и можеме да жалиме за вториот бод. Задоволен сум од нерешениот резултат со Норвешка, тоа е селекција која игра одличен ракомет на шампионатот, изјави на прес- конференцијата по натпреварот селекторот Ивица Обрван.



Ракометарот Гоце Георгиевски, кој натпреварот го заврши со два постигнати гола, рече дека Македонија треба да жали што не победила на овој натпревар со Норвешка.

- Треба да жалиме што не победивме на овој натпревар. Имавме и напад за победа на крајот од натпреварот, но не го искористивме. Одигравме одлично против многу добар тим и на крајот треба да се подготвиме добро и да постигнеме победа против Белорусија на последниот дуел, истакна Георгиевски.



Македонија последниот натпревар на ЕП го игра во среда на 27 јануари против Белорусија со почеток во 16 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...