Со бекатонски плочки по мерцедесот на Манасков

Оштетени се автомобилите на Дејан Манасков и фудбалерот Никола Трипуновски. Во инцидентот бил вовлечен и Стојанче Стоилов

Македонските ракометни репрезентативци Дејан Манасков и Стојанче Стоилов, како и фудбалерот Никола Трипуновски по вторникот наутро биле вовлечени во инцидент во кој е направена материјална штета на автомобилите на Манасков и Трипуновски, а Стоилов наводно заработил полесна телесна повреда.

Извештајот на скопската полиција потврдува дека имало инцидент и дека две возила се оштетени со бекатон плочки.


„Штетата на возилата е предизвикана од бекатонски плочки со кои непознатите напаѓачи фрлале кон возилата. Утрово е пријавено оштетување на автомобил мерцедес- сопственост на Д.М. (роден 1992-ра) и на голф- сопственост на Н.Т.(роден 1982-ра). И двата автомобили се со скопски таблички“, се вели во изјава на СВР Скопје, пренесена на ТВ Телма.

Првобитно немаше информација за физичка пресметка, но подоцна извештајот е збогатен со пријава за физички напад врз лицето Стојанче Стоилов. Пријавата не е од непосреден учесник во инцидентот, туку од очевидец.

Инцидентот се случил околу 04 часот, во скопската населба Центар, спроти „Универзалната сала“, во близина на пекарата Силбо.

Неофицијалната верзија на настаните е дека група од неколку лица ги препознала македонските репрезентативци и сакале да се фотографираат со нив. Но, ситуацијата некако избегала од контрола, па место пријателско селфи за спомен, почнале да летаат тупаници како и бекатонски плочки врз автомобилите на Манасков и Трипуновски.

СООПШТЕНИЕ НА ВАРДАР

Клубот жали за вчерашниот настан за кој се тврди дека биле вмешани и ракометари на Вардар. Како клуб секогаш сме подржувачи на спортско надигрување и фер плеј однесување, како на теренот така и надвор од него, и задржување на добриот имиџ.



Играчите на Вардар попладнево го имаа редовниот тренинг, и сите ракометари кои му се на располагање на тренерот Раул Гонзалез беа во салата и ги одработеа поставените задачи. Ниту еден играч не се пожали на повреда, и целосно се посветени на следните натпревари што претстојат.

Како клуб ги следиме сите случувања околу овој настан, и играчите ќе дадат изјава за она за што се поврзуваат. Доколку се утврди вмешанот на некој од членовите на тимот, истите ќе бидат санкционирани во согласност со дисциплинскиот правилник на клубот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...