Чупиќ пред потпис со Вардар

Откако Тобијас Рајхман одигра одлично на ЕП Полска, сопственикот на Киелце се олади во трката со Вардар за потпис на хрватското крило Иван Чупиќ

Долго време се зборуваше и шпекулираше дека хрватското десно крило Иван Чупиќ преговара со Вардар. На првиот медија ден по пристигнувањето на Хрватите во Краков и самиот потврди дека може да се види во „црвено-црно“, но дека прво ќе разговара со неговиот клуб Киелце. Сега доаѓа потврда и од Киелце дека тој заминува од клубот.

Ова значи дека само денови, можеби часови нè делат од официјалната презентација на хрватското крило Иван Чупиќ во Вардар.

„Ние ќе ја почитуваме секоја одлука на нашите ракометари“, изјави во интервју за полски медиуми Бертус Сервас, сопственикот на Киелце.

Ваквата промена на неговиот став се должи и на одличните настапи на Тобијас Рајхман за репрезентацијата на Германија на ЕП. Тој досега во Киелце ја имаше улогата на замена за Чупиќ, но отсега сосема сигурно ќе биде прв избор на Душебаев.

Чупиќ во Скопје би ја пополнил празнината која ќе остане по заминувањето на Матјаж Брумен. Тој следната сезона ќе игра за екипата на Горење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...