Вардарци убедливи и на второто гостување оваа година во Сеха лигата

Нексе – Вардар 29:36 (14:17)
Сала: „Крал Томислав“ во Нашице. Судии: Бруновски и Чанда од Словачка

НЕКСЕ: Јужабашиќ ( 6 одб., 1 сед.), Лелиќ (3 одб.), Етер 3/5, Мрџеновиќ 2/2, Баришиќ 4/8, Зрниќ 2/4, Сршен 6/10, Јурјевиќ 2/2, Соколиќ 1/1, Нуиќ 2/4, Вегар 2/3, Ненадиќ 2/2, Херцег 3/8.
Седмерци: 5/6. Исклучувања: 6 минути

ВАРДАР: Милиќ (5 одб.) Ангелов (5 одб.), Брумен 1/1, Тоскиќ 5/7, Македа 2/4, Душебаев 5/7, Лазаров 1/5, Циндриќ 11/12, Дибиров 8/8, Харбок 3/4, Шишкарев, Марсениќ 0/1
Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 минути

Македонскиот шампион Вардар со победата на гости кај Нексе од 29:36 и математички го обезбеди настапот на Фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата. Нашиот претставник ги оправда очекувањата и благодарение на одличниот двоец Циндриќ-Дибиров, кои заедно запишаа 19 погодоци, стигнаа до планираните три бодови.

Резултатот го отвори одличниот на овој меч Лука Циндриќ со удар од левата бековска позиција. Победникот практично и да се знаеше веќе по петминутна игра каде што Вардар успеа да направи предност од 6:0. Постот на домаќините го прекина Сршен откако упати „бомба“ од девет метри за 1:6.

Се играше 19. минута, а предноста на нашиот претставник полека се намалуваше. Македа не реализираше напад, а тоа го искористија домаќините кои преку Мрџеновиќ, односно Баришиќ и Нуиќ го намалија водството на 12:10. Од тој момент четата на Раул Гонзалез заигра на многу повисоко ниво па преку Дибиров кој погоди од седум метри, а подоцна и лошата организација на нападот на Нексе отидоа на 15:11. Сепак, со новата мини серија домаќините смалија на 17:14, резултат со кој се отиде на пауза.

ЦИНДРИЌ СТРЕЛА ОД СИТЕ ПОЗИЦИИ

Продолжението мина според очекувањата на нашиот тим, кој успеа да ја стабилизира предноста од три до четири погодоци и тоа до 40. минута. Истата таа доби нагорна линија откако Дибиров одлично асистираше кон Тоскиќ за 24:20. Повторно, вреди да се истакне играта на Лука Циндриќ, кој во вториот дел имаше одличен скор од осум погодоци.

Благодарение на неговата квалитетна претстава, македонскиот шампион направи разлика од 29:22. И покрај тоа што за Вардар ова беше втор натпревар одигран во период неполни 24 часа, сепак, момците успеаја да најдат сили и до крај да ја одржат оваа убава залиха, од „плус“ седум за 36:29 и нов, потврден настап на Ф4 турнирот во ова регионално натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...