Руските фаворитки немаа одговор против Кики Бертенс

Бертенс со 6:1/6:4 ја победи Светлана Кузнецова за да обезбеди недостижно 3:0 водство. Руската тенисерка број 1, Марија Шарапова, требаше да игра во последниот петти меч во двојки поради повреда на рамото, но Русинките не успеаја да стигнат дотаму.

Бертенс прво со 6:3/6:4 во саботата ја „уништи“, Екатерина Макрова, додека Кузнецова го загуби маратонскиот дуел против Ришел Хогенкамп во најдолгиот меч во историјата на Фед купот. Наместо Шарапова, во мечот во двојки Дарја Касаткина и Макарова со 6:0/6:2 ги победија Синди Бургер и Аранча Рус.

Холанѓанките, без тенисерка во топ 100, беа апсолутни аутсајдери против рускиот тим во кој најнискорангираната тенисерка е 18-годишната Дарја Касаткина на 61. место.

„Се работи за Олимпијадата и за глупавите правила. Затоа го жртвуваме Фед купот“, изјави Кузнецова по поразот.

Бертенс пак, светската тенисерка број 106, сега има неверојатни 13-1 скор во Фед купот.

„Ова е навистиан неверојатно. Не верувам дека некој можеше да помисли дека можеме да победиме тука. Ова е чудото од Москва“, вели 24-годишната Бертенс.

Во полуфиналето, Холанѓанките ги чека уште еден тежок дуел, овојпат со Франција, која немаше проблем во дуелот со Италија.

Каролине Гарсија и Кристина Младенович во Марсеј стигнаа до убедливи победи за Франција да победи со 4:1. Гарсија имаше 11 директни победнички топки за со 6:3/6:4 да ја победи Камила Џорџи, откако претходно Младенович со 7:6(4)/6:1 ја совлада поранешната финалистка од Ролан Гарос, Сар Ерани.

БЕНЧИЧ „САМА“ ЈА ПОБЕДИ ГЕРМАНИЈА

Белинда Бенчич победи двапати во неделата во Лајпциг да ја квалификува Швајцарија во полуфиналето со славна 3:2 победа над Германија. Бенчич и ветеранката Мартина Хингис се покажаа посилни во двојки, откако со 6:3/6:2 ги „збришаа“ Ана-Лена Гренефелд и Андреа Петкович со 6:3/6:2

18-годишната Бенчич во саботата со 6:3/6:4 ја „збриша“ Андреа Петкович, додека во првиот сингл меч во неделата беше подобра од шампионката од Австралискиот опен, Анџелике Кербер со 7:6(4)/6:3. За Швајцарија ова е прво Фед куп полуфинале од 1998 година.

Таму ги чекаат актуелните шампиони, Чехинките, кои потешко од очекувањата со 3:2 беа подобри на гостувањето во Романија. Во Клуж „ѕвезда“ беше Каролина Плишкова, која ги доби двата сингл меча (против Симона Халеп и Моника Никулеску), по што во одлучувачкиот меч во двојки, заедно со ветеранката Барбора Стрицова да ги победат Андреа Миту и Ралука Олару со 6:2/6:3.



ФЕД КУП, 1. КОЛО

РОМАНИЈА - ЧЕШКА РЕПУБЛИКА 2:3

Халеп (Ром) - Кар.Плишкова (Чеш) 7:6(4)/4:6/2:6

Никулеску (Ром) - Квитова (Чеш) 6:3/6:4

Халеп (Ром) - Квитова (Чеш) 6:4/3:6/6:3

Никулеску (Ром) - Кар.Плишкова (Чеш) 4:6/6:4/3:6

Миту/Олару (Ром) - Кар.Плишкова/Стрицова (Чеш) 2:6/3:6

ГЕРМАНИЈА - ШВАЈЦАРИЈА 2:3

Петкович (Гер) - Бенчич (Шва) 3:6/4:6

Кербер (Гер) - Бачински (Шва) 6:1/6:3

Кербер (Гер) - Бенчич (Шва) 6:7(4)/3:6

Бек (Гер) - Бачински (Шва) 7:5/6:4

Гренефелд/Петкович (Гер) - Хингис/Бенчич (Шва) 3:6/2:6

ФРАНЦИЈА - ИТАЛИЈА 4:1

Младенович (Фра) - Џорџи (Ита) 6:1/4:6/1:6

Гарсија (Фра) - Ерани (Ита) 6:3/7:5

Младенович (Фра) - Ерани (Ита) 7:6(4)/6:1

Гарсија (Фра) - Џорџи (Ита) 6:3/6:4

Гарсија/Млаеднович (Фра) - Карегаро/Ерани (Ита) 6:0/6:1

РУСИЈА - ХОЛАНДИЈА 1:3

Макарова (Рус) - Бертенс (Хол) 3:6/4:6

Кузнецова (Рус) - Хогенкамп (Хол) 6:7(4)/7:5/8:10

Кузнецова (Рус) - Бертенс (Хол) 1:6/4:6

Макарова (Рус) - Хогенкамп (Хол) не се одигра

Касаткина/Шарапова (Рус) - Бургер/Рус (Хол) 6:0/6:2



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...