Стефановски и Илиевски ја отворија сезоната

Македонскиот маратонски пливач Томи Стефановски го освои 31. место на 10 километри долгата трка која се одржа во Рио Негро, Аргентина, а која беше дел од Светскиот куп во ФИНА. Искусниот пливач целта ја мина за два часа и 38 секунди, додека првопласираниот Алекс Мејер од САД постави време од 1:55.44 час. Второто и третото место им припадна на Италијанците Симоне Руфини и Фредерико Ванели.

Вториот наш претставник на овој маратон Александар Илиевски пливаше со време од 02:07.37 часови, што беше доволно само за 34. позиција.

Ова беше прва активност во новата година за двајцата наши пливачи. Од следната ќе бидат придружувани со најдобриот наш маратонец Евгениј Поп Ацев, и тоа на трката со должина од 10 километри, која е исто така дел од Светскиот куп, што ќе се одржи во Абу Даби на 26 овој месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...