Обрван: Не би бил нормален кога би спиел мирно

Полскиот град Гдањск и Ерго Арена ќе останат запишани во спортската историја на Македонија. Прашањето е дали ќе бидат запаметени како место на кое се остварил олимпискиот сон на една генерација македонски ракометари или ќе го паметиме како уште едно, по Гетеборг второ место на кое се сонот се претворил во кошмар

Македонската репрезентација вчера пристигна во Гдањск, град на северот на Полска каде што викендов ќе се играат натпреварите од квалификациската група „1“ за пласман на Олимписките игри во Рио.

Вечерва Македонија ќе игра против домашната Полска, утре со Тунис и в недела со Чиле. Две репрезентации од овие четири ќе патуваат на Олимпискиот турнир. Начелно, Полска се води како фаворит број еден, Македонија има нешто поголеми шанси од Тунис, а Чиле е аутсајдер во оваа конкуренција.

Често минативе денови пишувавме дека ова е шанса на оваа генерација ракометари. Во ваква форма, помалку сувопарно не ја отсликува вистински важноста на овој дуел. Ова не е само последна шанса на оваа генерација ракометари. Ова е шанса на многу генерации на македонски ракометари. Овој тим што вечерва ќе ја почне олимписката битка не е создаден преку ноќ. Тука имаат вмешано прсти многу тренери, многу играчи, многу клубови. Ако оваа генерација успее, во успехот своја заслуга ќе имаат многу имиња. Годинава имаат се што некогаш им недостигало. Имаат услови какви што можеа да посакаат, зад нив стои стабилна федерација, имаа комплетен мир и беа поштедени од секакви критики уште од Доха кога обезбедија место на турнирот до сега. Зад оваа екипа стои цела викендов ќе стои цела нација.

ПОДДРШКА ОД 200 НАВИВАЧИ

На лице место, пак, полн чартер авион и еден автобус навивачи на македонската репрезентација пристигнаа вчера во Гдањск. Вкупно, македонскиот тим ќе има ветер во грб од најмалку 200 навивачи. Не е тоа голема бројка ако се има предвид дека денеска ќе играме пред веројатно 14.000 Полјаци, но сепак, секогаш е убава мотивација да се чуе македонско навивање од трибините. За дуелите со Тунис и Чиле, ќе бидеме во тој поглед сигурно супериорни.

ПОБАРАНИ НАД 100 АКРЕДИТАЦИИ

Неочекувано висока беше побарувачката за новинарски акредитации за турнирот што ќе се игра во Гдањск. Барање за над 100 новинарски акредитации пристигнаа до организаторот на турнирот, но бројката нема да биде толку голема. Настапот на македонската репрезентација ќе го следат околу 20 новинари кои се дојдени од Македонија.

ПОЛСКА НЕ Е ИСТА СО ДУШЕБАЕВ

Репрезентацијата на Полска ќе го има деби натпреварот со Талант Душебаев на клупата. Тренерот на Киелце ја презеде разбиената војска на Михаел Биглер и со неа ќе се обиде да стигне до Рио. Популарниот Киргистанец, односно Шпанец, веројатно, ќе ја повреди екипата на начин на кој тоа го прави и во Киелце. Безмалку 80 насто од играчите му се од најсилниот полски тим, но ќе има поинакви проблеми со националниот тим. Урош Зорман, Денис Бунтиќ, Мануел Штрлек и Иван Чупиќ се заменети со далеку послаби ракометари. Најголемиот проблем е центарската позиција каде што нема ниту еден класичен разигрувач, освен можеби Пјотр Масловски, кој не доби вистинска шанса на ЕП, а и овде е дојден како замена за повредениот Јуркиевич.

Полска има добра одбрана, а тоа во голем дел зависи од тоа како е расположен голманот Шмал. Послаба ќе биде нивната зона во однос на ЕП, затоа што Душебаев го прецрта специјалистот за одбрана и „кршење коски“ на противничките играчи - Пјотр Грабарчук. Требаше да биде заменет со Јуркиевич, но рековме, тој се повреди. Ќе бидат посилни со враќањето на пикерот Бартош Јурецки, но тоа за нас може да биде и добра вест затоа што токму неговата замена, Камил Сипжак беше кобен за македонскиот тим на дуелот со Полска од ЕП.

Никој не може да знае, но уште вечерва ќе видиме како ќе функционираат Полјаците. Не очекуваме особено инвентивни да станат Биелецки и Јурецки, не знаеме колку може Лијевски... Но, знаеме факт дека откако Душебаев го презеде Киелце, од екипа која едвај примаше по 20 гола, стана екипа која редовно прима и по 30.

Да се надеваме дека и со Полска ќе биде истата приказна.

ПРИБАК: ПОСИЛНИ СЕ СО ДУШЕБАЕВ

Мислам дека сме подготвени. Правиме сè што треба да направиме. За нас почнува спортска војна. Играме со противник со кого игравме пред три месеци. Не очекувам никакви калкулации, одиме со сите сили. Мислам дека оваа Полска посилна од таа на ЕП. Со тренер каков што е Душебаев, екипа може да игра само подобро. Поголемиот дел се играчи на Киелце, кој ги тренира Душебаев. Играат заедно и во клуб, што е многу битно. Полошо од ЕП не може да играат.

Играњето на гости не е посебен притисок. Сите овие играчи се навикнати на тоа. Можеби Полска ќе има поголем притисок. Тие се во една ситуација на императив, а тоа во спорт знае да биде проблем. Тука ја гледам нашата шанса. Ние сме порастоварени од нив во поглед на притисокот.

ПОВЕЌЕ ГО САКАВМЕ БИГЛЕР

Селекторот на македонскиот тим верува дека Македонија има квалитет, но нема да биде нималку лесно да се стигне до ОИ.

„Едвај чекам да почне првата и да заврши третата средба. Можеби се чувствува на одреден начин мала еуфорија, но јас мислам дека нема да биде лесно. Мотивацијата ни е на врвно ниво. Ако повториме игри како на натпреварите со Норвешка, Франција... сигурно ќе се пласираме.

Немам трема, но не спијам добро. Ако би спиел добро пред вака важни натпревари. Ако би спиел, би значело дека не сум нормален. Никој нормален не може да биде мирен пред вака важни натпревари. Да се игра за пласман на ОИ едноставно не може мирно да се гледа.

Јас би сакал да останеше стариот селектор. Не дека се плашиме од Талант, но со стариот селектор ќе знаевме точно на што сме. Сега е друго, имаат измени, верувам дека ќе се обидат да го спроведат тоа што го играат во Киелце и сега во репрезентацијата“, изјави Обрван.

ЛАЗАРОВ: БЕЗ КАЛКУЛАЦИИ

Полска ќе игра тоа што ќе го игра, но клучот за добар резултат не можеме да го бараме во нивните грешки или пропусти. До добар резултат, односно шанса да се изненади противникот кој патем има и повисок рејтинг од нас потребна е добра игра. Потребна е вонсериски добра игра на нашите ракометари.

Јасно ние каков предизвик ни претстои. Ова го чекаме четири години. Имаме јасна цел, разговаравме меѓусебе и со стручниот штаб. Нема да калкулираме на ниту еден натпревар, иако таргетот ќе биде Тунис. Денеска ќе играме со 100 насто сили. Ја респектираме Полска, посебно откако Душебаев ја презема. Тој ја има репрезентацијата 365 дена во тренажен процес.

Грч можеби ќе има кај нас, но ќе има и кај нив. И тие имаат амбиции, сакаат на ОИ. Ако постои грч, ќе постои обострано. Мораме да бидеме концентрирани на овој викенд, максимално сме мобилизирани, има голема желба, страст, но да одиме ден по ден“, изјави капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска е вториот на програмата. Почнуваме во 20:30, а пред нас силите ќе го одмеруваат репрезентациите на Тунис и на Чиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...