Веспрем останува во СЕХА?

Двократниот освојувач на СЕХА шампионатот, екипата на Веспрем, би можела да остане во СЕХА лигата и следната сезона. Унгарскиот тим сака да продолжи со борбите на Јужноевропскиот фронт, СЕХА лигата сака да го задржи актуелниот првак, единствената пречка е унгарската федерација. Таму сезонава се сменија некои работи, за следната сезона ќе имаат нов спонзор, претпоставуваме ќе се менуваат работите и со тв преносите и така натаму и нивната желба и цел е Веспрем цела сезона да биде активен во домашното првенство.

Се прават напори да се постигне договор со кој Веспрем би добил зелено светло и следната сезона да игра во СЕХА. Официјален рок кој му е даден на Веспрем, односно на федерацијата на Унгарија да расчисти со случајот е 15 мај. Шансите Веспрем да остане, изгледаа многу слабички пред десетина дена, но сега веќе не е така.

Без разлика дали Веспрем ќе остане или нема, СЕХА ќе мора да има поинаков изглед следната сезона. Овој шампионат ќе има 10 клуба, тоа е барем засега дефинитивно, што значи дека ако Веспрем се откаже, со него во пакет ќе си оди и уште еден тим. Доколку Веспрем остане, тогаш два тима ќе мора да се збогуваат со СЕХА.

Македонските екипи нема од што да се плашат и покрај перформансот на Макс Струмица во неодамна завршената сезона. Македонија и Хрватска, кои се и основачи, со актите на Лигата, имаат загарантирано по две места во првенството. Две места ќе има и Словенија. Сè друго е подложно на промени. Овде ќе напоменеме дека следната сезона во СЕХА се враќа и Металург.

Иако е во рамки на шпекулации, постои дури и можност и за поголеми промени, доколку некој од кандидатите за влез во лигата (Букурешт, Бешикташ, Мотор и така натаму) бидат земени предвид за учество.

Во секој случај, СЕХА расте во ракометна сила која веќе ги надминува и силните првенства. Доколку се среди малку и долниот дел на табелата, на хартија ќе стане сериозен ривал и на Бундеслигата, иако се работи за малку поинаков тип натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...