Лазаров: Чест е што двајца Македонци ќе играат за Барселона

Како што е веќе познато, македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Борко Ристовски од идната сезона ќе биде дел од најдобриот ракометен колектив Барселона. Нашиот голман, со каталонскиот гигант потпиша двегодишен договор. Со тоа, му се придружи на Кире Лазаров и за прв пат во нивните кариери, ќе заиграат за еден тим, и тоа каков. Шпанскиот првак е актуелен освојувач на Лигата на шампионите и тим кој секоја сезона, константно се вбројува меѓу најдобрите, не само во овој спорт.



Нашиот капитен е исклучително задоволен од тоа што Ристовски ќе му прави друштво во Барселона, и дека за него, и воопшто целиот наш ракомет, сето тоа ќе претставува голем плус.

„Мене ми е навистина драго што двајца Македонци ќе играат за најдобриот тим во светот“ започна Лазаров.

„Со трансферот во Барселона, Ристовски направи голем напредок во својата кариера, и затоа сметам дека со овој клуб ќе достигне нови височини. Темпото на работа едноставно не дозволува никакви импровизации и затоа Барселона е таму кај што е, а тоа е во самиот спортски врв, не само во Европа, туку и во светот. Со пристигањето, неговото ниво ќе доживее една нова, подобра димензија, а секако дека покрај самиот голман, ова ќе претставува голем плус за нашата репрезентација. Секоја сезона, целите на тимот се поставени на високо ниво, а тоа значи освојување на секој можен трофеј. Знам дека сето ова ќе го направи уште подобар голман, а од друга страна, Барса ќе добие уште едно одлично засилување“ изјави капитенот.

За големината на овој клуб нема потреба многу да се пишува. Доволно е да се спомне дека овој клуб, во својата историја има освоено неверојатни 133 трофеи. Девет од нив се забележани во ЛШ, додека во шпанското првенство тие стигнаа до рекордната 14. титула.

НАДМИНАТА БАРИЕРАТА ОД 800 ПОГОДОЦИ ВО АСОБАЛ



На понеделничкиот натпревар против Бенидорм, Барселона дојде до нова убедлива победа (33:18) во АСОБАЛ лигата, а Лазаров со неговите два гола, ја надмина бариерата од 800 во ова натпреварување.

„Навистина е тешко да се избројат 800 погодоци. Ова за мене е веќе шеста сезона во Шпанија, од каде што три сезони играв во Сиудад Реал, и исто толку сум дел од Барселона. Искрено ми годи и се чувствувам убаво поради овој податок, бидејќи не е мала работа тоа да се постигне“ додаде Кире.

На последниот меч шпанското првенство, нашиот капитен доби поштеда, поради малата повреда која ја доби на квалификацискиот турнир за Олимпијадата во Гдањск.

СЛЕДУВА СПЕКТАКЛ СО КИЛ

Веќе в недела, Барса ќе ја продолжи одбраната на титулата во Лигата на шампионите, каде што во четвртфиналето за опонент ќе го имаат германски Кил. Дуелот на германскиот и шпанскиот великан ќе претставува уште еден од низата спектакуларни мечеви, во богатата меѓусебна историја. Иако „зебрите“ оваа сезона се соочуваат со големи проблеми, јасно е дека победникот од овој двомеч ќе има „главен“ збор на фајнл-фор турнирот во Келн.

Првиот натпревар меѓу Кил и Барселона ќе се игра в недела од 19:30 часот, додека реваншот во Каталонија е предвиден за шест дена подоцна.

„ЛАВОВИТЕ“ МУ ПОСАКАА СРЕЌА НА РИСТОВСКИ



Екипата на Рајн Некар Левен, во која до крајот на сезоната ќе настапува Борко Ристовски, во манир на голем тим му посакаа среќа во понатамошниот тек од неговата кариера.

„Му посакуваме среќа на Борко во наредната негова авантура во Барселона. За краток период кај нас направи многу, и е еден од најдобрите поединци во тимот. Сепак, за достојно простување ќе треба да се направат двете зацртани цели, а тоа се освојување на Бундеслигата, како и подигање на германскиот куп“ се вели во соопштението на РНЛ.

„Лавовите“ во моментов се на лидерското место во германската Бундеслига со 44, додека на второто место се наоѓа Флензбург со 42 бодови. Во Лигата на шампионите, пак, тие беа неочекувано елиминирани од ППД Загреб во осминафиналната фаза. Но, сето тоа може да биде заборавено доколку дојдат до трофејот во германското првенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...