Гонзалез: Планот не беше спроведен на теренот

Поразот во првиот четвр-финален натпревар против Веспрем со 26:29, значително ги намали шансите на РК Вардар за прв пласман во историјата на клубот на фајнлфор-турнирот од Лигата на шампионите. Иако сите најави и очекувања велеа дека можеби сега е моментот што треба да се искористи, сепак играта против најдобриот унгарски тим покажа дека треба да биде на повисоко ниво за таквите надежи да бидат реалност.

Очекувано, тренерот на Вардар, Раул Гонзале, немаше никакви причини за задоволство по одигрувањето на 60. минути во „Јане Сандански“.



„Целата наша игра требаше да биде на подобро ниво. Во првото полувреме имавме осум зицери кои не успеавме да ги реализираме, и тоа очи в очи со противничкиот голман. За да создадеш толку шанси значи дека не сме биле лоши, но, истите мора да бидат реализирани за да кажеме дека сме добри. Ако почнам да кажувам поединечно, тогаш голманите ќе мора да забележуваат повеќе интервенции, одбраната и нападот мора да играат подобро. Како што напоменав имавме неколку шанси кои останаа нереализирани, па затоа контранападот беше добар, но недоволно добар “, започна тренерот на Вардар.

„Според расположението кое го чуствував од тренинзите, можев да кажам дека бев убеден дека ќе одиграме добро и дека ќе дојдеме до победата. За да дојдеш до триумф против Веспрем, не смееш да имаш никаков пад во играта, а тоа ние го имавме во неколку наврати. Ова е четврт-финален натпревар, каде што играат најдобрите од Европа. Затоа кога од спротивната страна имаш екипи како Барселона, Кил, или, пак, како Веспрем мора да имаш константност во играта за да се надеваш на позитивен резултат“, додаде Гонзалез.

РЕВАНШОТ- ШАНСА ЗА ПОПРАВКА НА ВПЕЧАТОКОТ

И покрај сите негативности од мечот во „Јане Сандански“ пред ракометарите на Вардар е реванш-натпреварот во Унгарија. На саботниот меч, „црвено-црните“ момци ќе се обидат да го поправат впечатокот и секако дека ќе ја бараат секоја шанса да се направи изненадување и да се надокнади потребната разлика.



„Ние треба да го заборавиме првиот натпревар и да се фокусираме на реваншот. Тоа за нас ќе биде нова шанса, која сега мораме да ја искористиме, иако знаеме дека Веспрем на домашен терен ќе биде фаворит. Ние имаме квалитетни играчи и треба да изиграме паметно и во секој момент да знаеме што сакаме да правиме“, заврши Раул.

ВРАЌАЊЕ НА ЛАЗАРОВ И ДЕРЕВЕН

Позитивна вест во пресрет на реваншот во Унгарија е тоа што левите бекови Филип Лазаров и Александар Деревен ќе се стават на располагање на тренерот Раул Гонзалез.

Иако беше најавено враќањето на Деревен за минатата сабота, сепак тој не се најде во официјалниот записник, затоа сега за очекување е тој да биде дел од патниците во Веспрем. Друштво ќе му прави и капитенот Лазаров, кој мораше да паузира два месеца, поради скршен палец на десната рака. Сето ова се радосни вести за таборот на вардарци, но и за Сергеј Харбок, кој изминатиот период беше единствениот играч на оваа позиција кој беше здрав и го понесе товарот на своите раце.

УНГАРСКИТЕ МЕДИУМИ СО КРИТИКИ КОН ВЕСПРЕМ

Како и што можеше да се очекува, веста за победата над Вардар, во Унгарија беше примена со голема радост. Сепак, според одредени медиуми во оваа држава, ниту играта на Веспрем не била на очекуваното ниво. Според истите, унгарскиот шампион не смеел да си дозволи опуштање при првата позитива од пет погодоци и резултатско враќање на Вардар. Победата од три гола е задоволителна, но, потенцираат дека „црвено-црните“ во реваншот нема што да изгубат и затоа ќе бидат многу поопасни во однос на првиот натпревар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...