Објавен конкурс за селектор, Лино е прв фаворит

Управниот одбор на состанокот кој претходеше на Собранието на клубовите, донесе одлука за распишување на конкурс за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. На оваа одлука претходеше разрешување на селекторот Ивица Обрван. Малку подоцна и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, најави дека на репрезентацијата, по дебаклот во Гдањск и е потребно итно и радикално подмладување.

ПРВИОТ ФАВОРИТ Е ...



Мораме да бидеме реални и да признаеме дека е неблагодарно да се даваат прогнози и прогласуваат фаворити додека трае конкурсот, но нема никого да изненадиме доколку кажеме дека првиот фаворит за селекторската позиција во моментов е хрватскиот стратег Лино Червар.

Негов најсилен адут не е само стручноста, туку и моментот што под свое ги има „џокерите“ во вид на Талески, Кузмановски, Нелоски, Велковски и така натаму, а РФМ бара четиригодишна стратегија и радикално подмладување.

Да не бидеме погрешно разбрани, целта не е да го промовираме или фаворизираме Червар, посебно доколку добие конкуренција од други врвни кандидати. Конкурсот е отворен и секој што ги исполнува условите има полно право да се бори за испразнетата позиција.

БЕЗ ПОТВРДА

Тоа што нема класичен демант како во безброј случаи кога бил „селен“ во нова средина е можеби најцврстиот доказ во моментов дека Червар е (нај)сериозен кандидат за селекторската позиција. Се обидовме и да го „фатиме на спиење“ и можеби да извлечеме некое „да“ или „не“, но не се даде старата лисица и единственото што слушнавме како одоговор на прашањата дали ќе се кандидира или дали е во преговори и така натаму беше - „Ќе видиме, ќе видиме“.



ДЕСЕТ ДЕНА ЗА ПРИЈАВИ

Конкурсот ќе трае десет работни дена, што значи дека пријавите ќе се отворат, имајќи ги предвид и празниците, на 10 мај. Иако неспорно е дека на сите им се брза со назначувањето на селектор поради близината на квалификациите за СП, овој период нема да биде доволно долг за кандидатите кои би се пријавиле колку да си ја пробаат среќата. Имало, можеби и сега ќе има и егзибиционисти како српскиот стратег Ристо Буха на пример, кој аплицира на еден претохден конкурс.

Ова го велиме од причина што е потребен 4-годишен план за работа како еден од условите за апликацијата да биде прифатена. А да се подготви таков план и сето тоа да изгледа сериозно и привлечно за РФМ, нема да биде едноставна работа која се подготвува преку ноќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...